„Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно.Она што нас не’ разликува од оние што трчаат на кратки патеки е тоа што ние трчаме маратон. Нас не’ не задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза“, рече пред граѓаните на Велес претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска
Таа на митингот обелодени дека е закажана и дебата на претседателските кандидати во недела на Македонската телевизија. Но, како што истакна, дебатата ја прифатиле пет од седум претседателски кандидати. Двајцата кои не прифатиле се актуелниот претседател Стево Пендаровски и актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи.
Посочи дека таа практично е единствена опозиција на оваа дебата. И како што кажа, таа и Левица бараат не реформа, туку радикална промена на се’ постоечко.
Н. А.