• Latest
Фото: Wikimedia commons

Вашингтон пост: Трамп објави многу, многу лаги на Конвенцијата на Афроамериканските новинари

August 2, 2024
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025

Меџити и Ѓорѓиевски не гледаат проблем што независните кандидати ќе можат со два потписа да се кандидираат на локалните избори

August 19, 2025

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Се разгледува опцијата Додик да биде кандидат за претседател на Србија по Вучиќ

August 19, 2025
Последната и единствена средба меѓу Зеленски и Путин во Париз во декември 2019 година. Фото: Скриншот од видео на kremlin YouTube каналот

Унгарија се нуди како потенцијално место за средбата Зеленски-Путин, во игра и Швајцарија и Турција

August 19, 2025

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Вашингтон пост: Трамп објави многу, многу лаги на Конвенцијата на Афроамериканските новинари

August 2, 2024 08:00
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, лажно тврди дека никој не бил обвинет за смртни случаи во протестите на Black Lives Matter.

Во неговата получасовна средба со тројца новинари во НАБЈ (National Association of Black Journalists), поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат, ја пушти „во погон“ својата вообичаена литија на невистини, почнувајќи од лажна приказна за поранешниот гувернер на Вирџинија како егзекутира бебе по раѓањето, до апсурдно тврдење дека тој ги „спасил“ историските Афроамерикански колеџи и универзитети, се наведува во анализата на Глен Кеслер, објавена во Вашингтон Пост.

Пред Афроамериканската публика, тој повторно се пофали дека направил повеќе за Афроамериканците,  од кој било претседател од Абрахам Линколн наваму, по што „заработи“ инстант одговор  (кој го игнорираше), од Рејчел Скот од ABC News.

 „Подобро од претседателот Џонсон, кој го потпиша Законот за правата на глас? ”

Авторот Кеслер понатаму во анализата се фокусира на новотолажно тврдење на Трамп.

Кога го прашале за помилување лица осудени за насилство за време на нападите на 6 јануари – Трамп, како и обично, прибегнал кон вотабаутизам (whataboutism).

Тој тврдел дека луѓе загинале во Сиетл и Минеаполис за време на протестите за социјална правда по смртта на Џорџ Флојд во 2020 година – и ништо не им се случило на тие луѓе.

„Знаеете, никој не умре тој ден, дали го знаете тоа? Но, луѓе  загинаа во Сиетл. Никој не умре, но луѓе загинаа во Минеаполис. Знаете, луѓе загинаа во Минеаполис, и ништо не се случува. И никој никогаш не зборува и ништо не им се случува на тие луѓе. Но, вие тргнавте по луѓето од J6 со одмазда“– поентира Кеслер, поставувајќи паралела и споредувајќи ги лажните тврдења на Трамп наспроти фактите.

Факти наспроти лаги

Понатаму во анализата, Кеслер  наведува дека како дел од неговиот аргумент, Трамп лажно тврдеше дека „никој не умрел“, кое тврдење, Кеслер го поткрепува со проверени и потврдени факти.

Во извештајот на Сенатот се вели дека „седум лица, вклучително и тројца службеници за спроведување на законот, на крајот ги загубиле животите“ во врска со нападот, од кои четири „ на тој ден“.

Четворица биле поддржувачи на Трамп – еден застрелан од полицаец од Капитол на САД додека се обидел да се качи низ скршениот прозорец што водел до фоајето на спикерот, двајца од срцев удар и еден од интоксикација со амфетамин.

Брајан Д. Сикник, полицаец од Капитол, колабирал на своето биро по нападот и починал еден ден подоцна.

Главниот медицински истражувач во округот, заклучил дека Сикник претрпел два мозочни удари речиси осум часа откако бил испрскан со хемиски надразнувач. Двајца други полицајци се самоубиле, неколку дена по нападот.

Трамп, исто така, тврдел дека пред само неколку дена имало „ужасен напад на Капитол“ од пропалестински демонстранти – и „тие се бореле со нив многу поотворено отколку што видов на 6-ти јануари“.

Тоа не е точно.

Факт– „Иако повеќето демонстранти одеа и скандираа мирно, имаше судири со органите на редот, а полицијата на ДК и Капитолската полиција соопштија дека уапсиле вкупно 15 лица. Парк полицијата на САД уапси осум лица“, објави Вашингтон пост.

Трамп нашироко зборуваше за трагедијата на „извонредните споменици, ѕвона, лавови, сите овие величествени варовници и гранит со црвена боја“.

Факт – Вандализмот се случи не во Капитол, туку во близина на станицата Унион – почнувајќи од меморијалната фонтана на Кристофер Колумбо и Ѕвоното на слободата, репродукција на Ѕвоното на слободата – а претставници на Службата за национални паркови рекоа дека тие ќе бидат исчистени во рок од три дена, и покрај изјавата на Трамп за обезличувањето: „Ќе го видите за сто години од сега“.

Беше запалено и американското знаме, што наиде на осуда од ривалот на Трамп за претседателската функција, потпретседателката  Харис.

Што се случи во Сиетл и Минеаполис

Информациите за смртните случаи за време на протестите дојдоа од проектот за податоци за локација и настани за вооружени конфликти (ACLED), непрофитна организација.

Организацијата откри дека огромното мнозинство од демонстрациите на 9.000 Black Lives Matter биле мирни, но дека 11 лица биле убиени додека учествувале во протестите, а дополнителни 14 загинале во инциденти поврзани со нив.

Две лица беа убиени во Сиетл, според ACLED. Самер Тејлор, активистка на Black Lives Matter, загина кога автомобил налета на протестите.

Друго лице, 16-годишниот Антонио Мејс Јуниор, беше застрелан во инцидент за кој од ACLED рекоа дека е поврзан со пошироките немири.

Според ACLED, во Минеаполис е убиено едно лице. Продавницата Max It беше запалена за време на протестите на 28 мај 2020 година, а потоа два месеци подоцна, полицијата откри јагленисано тело во остатоците.

На снимката од надзорните камери може да се види како Монтез Териел Ли (26) истура гас околу заложницата и ја запали. Ли беше осуден на 10 години затвор, а потоа три години надгледувано ослободување, соопшти американското Министерството за правда.

Во подолжение се повторно објавените „најголеми хитови“ (тврдења) на Трамп кои претходно се  разобличени 

  • Тој ги „спасил“ историските Афроамерикански колеџи и универзитети
  • Најдобар претседател за Афро- Американци, по Абрахам Линколн
  • Инвазија на „15, 16, 17 милиони“ луѓе
  • Харис била „граничен цар“
  • Многу мигранти доаѓаат од ментални институции
  • Стапката на криминал во другите земји се намалува
  • Најлоша инфлација во последните 100 години
  • Трамп беше заштитен со Законот за претседателски досиеја
  • Бајден беше прогласен за „некомпетентен“ во случајот со неговите претседателски досиеја
  • Демократите дозволуваат убивање бебиња по раѓањето
  • „Сите“ сакаа да се преврти Ро против Вејд
  • Дупчењето ќе ја намали инфлацијата
  • Сметките за намирници се зголемени за 60 проценти
  • САД имаат повеќе нафта од која било друга земја.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дезинформацииДоналд Трамп
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ