Апелацискиот суд – Скопје донесе одлука да ги укине куќните притвори на поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски и на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пренесува Мета.мк.
Гаранцијата што ја понудил Вељаноски за да излезе од притвор изнесува 209.791 евро, и тоа куќа од 320 квадратни метри и двор од 247 квадратни метри. Вељаноски има обврска да се јавува во судот секој прв работен понеделник во месецот, а одземени му се и патните исправи и тој не смее да ја напуштат државата.
Поранешниот претседател на Собранието,Вељаноски е обвинет во случајот „27 април“, односно упадот и насилството во Собранието во 2017 година. Тој беше осуден на шест и пол години затвор минатата година во јули, но пресудата е обжалена на Апелација, која допрва ќе решава дали ќе ја прифати или поништи првостепената понуда.