Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски одлучи да присуствува на седницата на комисијата за мандатни и имунитетнски прашања и лично да го брани својот имунитет. Тој прв беше пријавен за збор и на колегите им ги објасни за што бил испрашан од обвинителот. Меѓу другото во својата одбрана, Вељановсли рече дека на 27 април ги почитувал законите и деловникот на Собранието и ни на памет не му паднало дека може да се случи таков настан.
“10 години бев претседател на Собрание. На крај памет не ми паднало да направам нешто спротивно на деловникот, законите и Ссобраниската процедура. Сакав од таа позиција да си одам на нормален и достоиствен начин, а не вака”, рече Вељановски пред членовите на комисијата за мандатни и имунитетни прашања.
А. Зеќири