На креативната работилница „Заеднички против насилството“ што ЦИВИЛ денеска ја одржа во Велес, во ОУД „Лаза Лазаревски“, учестуваа повеќе од 20 ученички и ученици од основните и средните училишта во општината.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=3KHidJgLRnU[/embedyt]
Работилницата ја водеше тимот на ЦИВИЛ во соработка со наставниците и професорите, ментори на учесниците. Работилницата беше проследена со видео проекции, музика и многу креативност и умешност на младите велешани што преку слики, симболи и бои покажаа како тие се борат против насилството.
Свои обраќања имаа претставници на Општина Велес, претставници на ЦИВИЛ и СВР Велес, а беа доделени благодарници за сите што дадоа свој придонес во проектните активности.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.