• Latest

Велика Британија почнува информативна кампања за запирање на бранот албански мигранти преку Ламанш

May 28, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Велика Британија почнува информативна кампања за запирање на бранот албански мигранти преку Ламанш

May 28, 2023 16:32
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британската влада започна информативна кампања чија цел е да го запре мигрантскиот бран кон островот преку Англискиот Канал (Ламанш), јави ДПА. Пораката на иницијативата е дека луѓето кои одат на такво патување „преземаат ризик да бидат приведени и отстранети“, додава агенцијата, пренесува МИА.

Министерството за внатрешни работи не даде детали за сумата потребна за финансирање на кампањата, но рече дека ќе ги „објасни опасностите“ на кои се изложени мигрантите кои патуваат со мали чамци преку Каналот.

Кампањата ќе започне во Албанија следната недела, откако во август 2022 година веќе беа објавени пораки на албански јазик на Фејсбук и Инстаграм за да се убедат луѓето да не патуваат, забележа ДПА.

Минатата година, бројот на мигранти што го преминаа Каналот достигна рекордно високо ниво, а од почетокот на оваа година повеќе од 6.000 луѓе го поминаа теснецот, потсетува агенцијата.

Според Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“ и многу нејзини граѓани „поминуваат низ повеќе земји на пат кон Обединетото Кралство“, каде што по пристигнувањето изнесуваат неверојатни причини за барање азил.

Од почетокот на оваа година до март, Британија примила најмногу барања за азил од албански државјани, 13.714, а 9.487 од албанските мигранти пристигнале со брод преку Ламанш, јави ДПА.

„Организираниот криминал поврзан со мигрантите е глобален проблем кој бара решенија на меѓународно ниво во текот на целото патување што го поминуваат мигрантите од почеток до крај. Ова вклучува проактивна работа на точката на поаѓање пред луѓето да тргнат на опасни и непотребни патувања“, истакна британскиот министер за миграција Роберт Џенрик.

„Ние сме решени да ги запреме чамците, а кампањата која почнува во Албанија оваа недела е само дел од работата на Министерството за внатрешни работи за разоткривање на митовите за нелегалното патување во Обединетото Кралство, разјаснување што се навистина овие патувања и справување со лагите, дистрибуирани од недобронамерните криумчари кои профитираат од оваа гнасна трговија“.

Според Законот за илегална миграција, странските државјани кои бараат азил во Британија, а кои нелегално пристигнале во земјата, ќе бидат депортирани во нивната матична земја или во трети земји како Руанда.

Министрите, исто така, се надеваат дека законот ќе ги намали дневните трошоци од 5,5 милиони фунти за сместување на мигрантите кои пристигнуваат во земјата.

 

Tags: албански мигрантиВелика БританијаЛаманш
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ