Ванчо Орданоски
Главен софтверски архитект, Инфопроект
Мојата порака до колегите од ИТ:
Колеги софтверџии – читам, секој почна да вградува ВИ (AI) во своите ЕРП-апликации. Не е лошо само по себе. Но – контрола!
Сте размислиле ли дека со користењето ВИ, на пример, во деловните извештаи, всушност се потпирате на „трета страна“ – самата ВИ – врз која немате целосна контрола?
„Преглед на побарувања“, обврски, ефикасност, исполнетост…
Што ако ВИ погрешно процени и издаде извештај со неточни податоци? Што ако компанијата реагира врз основа на тие податоци, верувајќи пред сѐ во вас, и изгуби пари? Отпушти луѓе? Биде тужена за нешто?
Кој ќе биде одговорен – Claude, ChatGPT, некоја бесплатна кинеска верзија?
Многу прашалници, колеги.
Работата е во тоа што, барем во ЕРП-системите – компаниски менаџмент, управување со синџирот на снабдување и слично – „стандардниот“ начин, односно прегледите од бази на податоци, изведени со проверливи алгоритми и пресметки и со математички солидна статистика, се „златен стандард“.
Зошто? Затоа што се исконтролирани до крај и можат да бидат коригирани, фино подесени и доработени.
ВИ, од друга страна, е „црна кутија“ – најверојатно точна. Но тоа не е доволно добро за една компанија.
„Најверојатно“ не се важи.
Замисли ВИ да ти каже дека твојата фирма, според нејзините предвидувања за пазарот во Македонија, има голема иднина. А ВИ-агентите најчесто се подесени да му прават комплименти на прашувачот.
И ти земаш кредит од 200 илјади евра, го гарантираш со станот, првороденото дете и литар крв неделно, а на крај излегува дека ВИ била премногу оптимистична, не ги зела предвид сите параметри, халуцинирала и сакала да те задоволи за да се чувствуваш добро.
Ојде детето да биде роб у банката.














