Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не ги почитува препораките на здравствените работници, односно се гушка и поздравува со сопартијците, со деца, дел од насобраните граѓани со кои се фотографира и дружи немаат ниту заштитна маска…, е само дел од тоа што мониторинг тимот на ЦИВИЛ го забележа на партискиот собир во Ново Лисиче.
Додека од партиските говорници и сопштенија постојано Мицкоски се повикуваше на тоа дека „здравјето на граѓаните му е пред сè“, но, во реалноста сликата е спротивана. Откако опозицијата се кандиса да оди на избори, веднаш почна со партиските собири. Дали и за овој партиски собир виновна ќе биде власта? Или повторно Мицкоски ќе се правда „дека не ги знаел препораките“?
*
„Kако што бев горд минатата година, кога ја предводев Владата на Република Северна Македонија што го востанови 5 мај како Ден на македонскиот јазик, така бев горд и денес на прекрасниот настан во Љубојно, како поддржувач на иницијативата за основање на Центар за промоција на македонскиот јазик“, напиша Заев.
Тој порача дека „се додека постојат Македонци кои чекорат по оваа наша земја и по други земји од светот, ќе постои македонскиот јазик и сѐ додека постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците“.
*
По повод доделувањето на наградата за човекови права на Зоран Заев од Фондацијата Фридрих Еберт Штифтунг, ЦИВИЛ Медиа разговараше со директорката на фондацијата за Северна Македонија Ева Елерајт.
Наградата за човекови права на Фондацијата Фридрих Еберт Штифтунг, им беше доделена на лица, но и на организации во минатото.