• Latest
Ерол Ризаов

Вестите мора да почнат со успесите на владата

May 14, 2024
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Вестите мора да почнат со успесите на владата

May 14, 2024 16:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

Би било фер на новата влада да ѝ се даде малку време да се конституира и да се остави 100 дена спокојно да работи без пожестоки критики на првите чекори на власта. Сакав да го применам тоа заборавено непишано правило, иако овој принцип во Македонија никогаш не е почитуван, додуша одамна застарен, не се применува ниту во развиените парламентарни демократии. Новиот мандатар Христијан Мицкоски се откажа од една таква „привилегија“ на која, ако ништо друго, можеше да се повикува во првите три и пол месеци. Ќе речете што има лошо во тоа. Се разбира, нема ништо лошо ако тоа не е проследено со синдромот на ВМРО ДПМНЕ за авторитарно владеење и сеење страв како прв приоритет на власта.

Мицкоски пред инагурацијата на функцијата претседател на владата, не седнат на премиерската жешка фотелја и без да ја одржи првата владина седница во новиот состав, побрза да ја подготви јавноста за големите достигнувања кои ќе уследат многу бргу уште од првата половина на идниот месец. За тоа, како што навести најнапред му е потребна слепа послушност од медиумите. Тоа беше првиот опасен сигнал за повторно воспоставување на авторитарен режим. Секоја власт ги расипува властодржците, а апсолутната власт ги расипува апсолутно. Таа лесно станува страховлада. Првиот предуслов за тоа е медиумска послушност. Во своето прво интервју за ТВ Канал 5 по големата победа која означи покрај локалната, преземање и на извршната власт и на претседателската функција, Мицкоски ги изговори зборовите „Вестите мора да почнат со успесите“.

Цитирано од збор до збор без никаква додавка или промена, нуту пак вадено од неков контекст, или нешто сечено и лепено бидејќи немаше одговор на дополнителното потпрашање на новинарот поставено како констатација: „Aко има успеси“.

Да се каже вакво нешто и во најавторитарните режими би било рамно на голем скандал. Властодржците и вождовите ги имаат под свое влијание медиумите, но доволно се мудри никогаш да не изговорат јавно една таква закана како што му се откачи на Мицкоски. И, еве од тогаш помина цела недела, освен неколку медиуми што предупредија што значи таква закана, тоа поминува прилично молкум како ништо да не се случило. Молк и во највлијателните медиуми кои оправдано жестоко ги критикуваа злоупотребите на претходната власт.

Дали тоа значи дека повторно ќе се градат потемкинови села со големите лажни успеси кои ги постигна „најдобриот“ премиер досега допирајќи до олимписки височини на светски прваци во бизнис климата на најсиромашниот народ во Европа.

Должничкото ропство стана голем успех

Мицкоски не најде за потребно да се дообјасни што сакал да каже со својата порака до медиумите да ги почнуваат вестите со успесите на власта. Напротив, ја соопшти ексклузивната вест која треба да се фали на невидено, дека веќе е договорена голема зделка, многу поволен кредит со ниска камата од милијарда евра. Тоа е рече завршена работа и договорено влада со влада. Која наша влада и кој наш премиер го договорил тоа!!!???

Понесен од големата победа Мицкоски си го дозволи тоа пред да се устоличи. Некоја влада, на некоја држава за негово добредојде ќе инвестира милијарда евра во Македонија. Браво, фантастичен успех. Во Македонија одамна е голем успех да се задолжува државата, под многу „поволни“ услови. И навистина е успех кога едни ги трошат парите, а друг треба да ги враќа.

Таинствениот успех предизвика вистинска кладилница која е таа толку пријателска земја да договори така поволна инвестиција пред да се одржат изборите. Работата испадна многу помистична од милијардата од Тајван која прва ги разгоре фантазиите на граѓаните на Македонија. Отогаш милијардите доаѓаа од сите страни кои никогаш не ги видовме, освен новата гипс картон архитектура на барок и рококо и спомен обележјата кои ја внесоа Македонија во светската мапа на брзо богатење на политичарите.

Лицитацијата почна од Кина, Русија, до Турција, Србија и Унгарија, ама тие не биле. Работата во кулоарите стаса до Обединетите Арапски Емирати. Изненадувањето допрва ќе уследи кога ќе се дознае што договорил нашиот голем критичар на прекумерното задолжување. Ако се во прашање Арапските Емирати треба да се знае дека и бескаматните кредити што ги даваат нивните банки не се верско прашање, туку наука која се изучува на економските факултети во предметот „Исламски инвестиции“ кои имаат исто така строги критериуми, некогаш потешки и од највисоките камати.

Ете затоа се потребни како земзе водичка медиумите. Кога си во опозиција, ќе врескаш ни се заканува „должничко ропство,“ а кога си на власт тоа е голем успех со поволни кредити и странски инвестиции. Ако почнат сите вести на новиот главен уредник на сите медиуми, нешто што веќе сме го доживеале во период од цели 11 години, јасно е накај ќе одат работите со големите успеси.

Живи биле па виделе

Но, сепак она што ми остави најсилен впечаток од активностите на идниот премиер се принципите кои ги договорил со албанската опозиција „Вреди“ кои се предуслов за коалиција и работа на идната влада. Во прашање се три клучни начела за меѓупартиска соработка со учесниците во поделба на власта. Тоа се: прво, евроинтеграциите; второ, забрзан економски развој; и трето, борба против корупцијата и организираниот криминал што брзо ќе заврши со воспоставување на владеење на правото. Дали ова ви е некако многу познато, како да сте го слушале сите овие 32 години. Ако е така тогаш добро е да се чуе уште илјада пати, само што во истиот момент треба да заборавите што сѐ ни е ветувано во изминатите три децении и кој за што бил и што сработил додека бил на власт и на што жестоко се спротивставил додека бил во опозиција.

Да тргнеме од евроинтеграциите. Ни ветија никако во ЕУ по секоја цена. Поверуваа мнозинството граѓани. Ни ветија подобар договор со Грција. Никогаш Северна, секогаш само Македонија. И на тоа поверуваа мнозинството граѓани. Никако уставни измени под бугарски и француски диктат. И на тоа поверува истото мнозинство и ги донесе на власт големите патриоти. И сега што правиме кога во власта веќе ќе нема предавници, како што вели Денко Малески. Се знае што ќе правиме, предавниците и странските платеници ќе бидат непријателите во опозицијата кои ќе ги кочат работите како што тоа го правеа за време на „груевизмот“. Тие ќе бидат виновни за сѐ што не чини.

Погодете од три пати што ќе се случува со почнатите преговори со ЕУ.

1.Ќе се изгласаат уставните измени и ќе влезат Бугарите во уставот со пониска цена, без бугарски диктат.

2.Ќе се постигне подобар договор со Грција.

3.Ќе стане ли Македонија полноправна членка на ЕУ горда и достоинствена за време на новиот десетгодишен мандат на ВМРО-ДПМНЕ.

Мојот најоптимистички одговор би бил дека уставните измени ќе се донесат во наредните шест месеци и преговорите со ЕУ ќе продолжат. Цената ќе биде иста ако се побрза, ако не ќе биде повисока, бидејќи таа веќе порасна од домашните блокади на преговорите со ЕУ. Добрите вести ќе ја прикажат оваа козметичка операција како голем успех за да нема разочарување на граѓаните кои веруваа дека ќе нема уставни измени. Сите други варијанти би означиле катастрофа за иднината на Македонија.

Вториот принцип за побрз економски развој со нови задолжувања е илузија ако не се оствари првиот принцип со евроинтеграциите и остварување на реформите предвидени во преговорите и помогнати од европските фондови. Напуштањето на преговорите со ЕУ ќе означи уште поголема катастрофа со голема веројатност да го изгубиме и она што сме го стекнале со големите отстапки. И третиот принцип за успешна борба против високата корупција и организираниот криминал со воспоставување на владеење на правото по седумте „гладни години“ на опозицијата ќе важи само за злоупотребите на претходната власт, а и тоа не е баш најсигурно. Со оглед на досегашните искуства.

Живи биле па виделе.

Без грам иронија и сарказам, сакам моите проценки да бидат погрешни.

(Линк до текстот во Дојче веле овде)

Tags: избори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ