• Latest

Ветевендосје со убедлива победа на предвремените парламентарни избори во Косово

December 29, 2025

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ветевендосје со убедлива победа на предвремените парламентарни избори во Косово

December 29, 2025 10:23
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Косово вчера  се одржаа предвремени парламентарни избори, на кои право на глас имаа 1.999.024 граѓани.
Според прелиминарните резултати, победник на изборите е ЛВВ на Албин Курти, со освоени над 49 проценти од гласовите.
ЦИК соопшти дека процесот се одвивал мирно и без сериозни инциденти.
Излезноста на гласачите била 45 проценти.

Со пребројани речиси сите редовни гласови, ЛВВ освои 49,30 проценти, по што следуваат Демократската партија на Косово со 21,01 процент, Демократската лига на Косово со 13,59 проценти и Алијансата за иднината на Косово со 5,68 проценти. Во меѓувреме, Српска листа – блиска до Белград – освои 4,74 проценти од гласовите.

Предвремените парламентарни избори – на кои им претходеа месеци судири меѓу политичките партии, институционални блокади и поларизирачка реторика – завршија со убедлива победа на Движењето Ветевендосје.

Политичките набљудувачи проценуваат за Радио Слободна Европа  дека изборите на 28 декември ѝ донесоа на партијата на актуелниот премиер, Албин Курти, „спектакуларна“ победа, која ја постигна главно благодарение на „слабостите“ на опозициските партии.

Ветевендосје освои 49,30 проценти од гласовите, не сметајќи ги условните гласови и гласовите од дијаспората, според прелиминарните резултати од Централната изборна комисија (ЦИК).

„Ова е спектакуларна победа за Движењето Самоопределување, која опозицијата ѝ ја даде со целосен недостаток на идеи за тоа како да се справи со моќниот популизам на Курти“, нагласува аналитичарот Артан Мухаџири за РСЕ.

Прелиминарните податоци на ЦИК покажуваат дека опозициските партии заостануваат далеку.

Демократската партија на Косово (ПДК) освои 21,01 процент од гласовите, Демократската лига на Косово (ЛДК) 13,59 проценти, а Алијансата за иднината на Косово (ААК) 5,68 проценти.

Социјалдемократската иницијатива, со само 1,72 проценти од гласовите, не успеа да го премине изборниот праг.

Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, освои 4,74 проценти од гласовите.

Политикологот Дритеро Арифи ја гледа победата на Ветевендосје како резултат на неколку меѓусебно поврзани фактори – „моќната пропаганда“ што ја има оваа партија, како и слабостите на опозициските партии, кои не успеаја да бидат доволно активни и да презентираат експертиза.

„Најважно е што граѓаните го забележаа недостатокот на лидерство во опозициските партии, како и личност која би можела да ја промени ситуацијата“, нагласува Арифи за РСЕ.

Врз основа на прелиминарните резултати, се очекува ЛВВ да има 56 места во Косовското собрание, ПДК 23 места, ЛДК 15 места и ААК 6 места.

Движењето „Ветевендосје“ е на добар пат да го повтори или надмине резултатот од изборите во 2021 година, кога освои 50,28 проценти од гласовите.

Во тоа време, тоа создаде парламентарно мнозинство без коалиција со други албански партии, туку само со пратеници од несрпските малцинства, на кои им се загарантирани и 10 места во Собранието.

Лидерот на Движењето „Ветевендосје“, Албин Курти, по објавувањето на прелиминарните резултати од страна на ЦИК, изјави дека „колку побрзо се потврдат резултатите од изборите, толку побрзо ќе се воспостават институциите“.

Тој ги покани другите партии да соработуваат по меѓународни договори, велејќи дека овој чекор ќе биде тест за можна понатамошна соработка, вклучително и по прашањето за избор на претседател на земјата напролет.

Д. Т. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ