„Од моето доаѓање на чело на Општина Вевчани никогаш немала ставка во буџетот за новогодишно украсување. Со оглед на скромниот буџет со кој располага општината, ние за украсување ќе ги користиме постоечките украси од минатите години, а хипотетички доколку имавме такви вишок средства ќе ги наменевме за таблети за учениците од ранливите категории и за помош на Здравствениот дом “др. Светозар Чочороски”, Вевчани за борба против Ковид 19 пандемиата“, вели Сашо Јанкоски, градоначалникот на Општина Вевчани, на прашањето на ЦИВИЛ – Дали оваа година ќе ја украсите вашата општина за новогодишните празници? Ако не ја украсувате, каде и за што ќе ги пренамените средствата кои ви се предвидени за таа намена?
Дехран Муратов