Актерите од Тетово, Енис Ајрулаи и Хасим Мемиши Сопи, објавиле сензитивно видео, со кое не само што допреле до многу срца, туку и силно ги засрамиле неодговорните возачи, пренесува Цивил Медиа.
Целта на ова видео е да се обрне внимание на сообраќајната некултура и негрижа. Мета се колите кои се паркираат на тротоари или пешачки преминки, кои попречуваат слободно движење на лица со посебни потреби и родители со колички за деца.
„Грижете се малку и за другите, а не само за себе. Каде ке поминат лицата со колички, луѓето со инвалидитет, родителите со нивните деца во колички? Срам да ви е!”, е пораката која Сопи ја испраќа на крајот на видеото.
„Човек кога чуствува болка, е жив. Ако ја чуствува болката на другиот, тогаш е ЧОВЕК!” – Лав Николаевич Толстој.
А. Зеќири
https://www.facebook.com/2050557998607713/posts/2488106824852826/?sfnsn=mo&d=n&vh=e