Американската амбасада во Скопје го честиташе Денот на македонскиот јазик – 5 мај со избор од македонски поговорки кои на македонски јазик ги кажаа дипломатите и волонтерите на Мировниот корпус на САД .
Американската амбасадорка Анџела Агелер во видеото до македонската јавност се обрати на македонски јазик:
Честит Ден на македонскиот јазик! Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје?По повод овој ден, ги замоливме нашите колеги и волонтерите на Мировниот корпус на САД да кажат неколку македонски поговорки по нивен избор. Еве што избраа.
Во видеото честитки по повод Денот на македонскиот јазик упати и Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
М. Д.