• Latest
Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во РСМ

(ВИДЕО) Андреа Силвестри: Ако до ноември се усвојат уставните измени, ќе следи автоматско отворање на ЕУ поглавјата, без дополнителни услови

July 3, 2023

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Андреа Силвестри: Ако до ноември се усвојат уставните измени, ќе следи автоматско отворање на ЕУ поглавјата, без дополнителни услови

July 3, 2023 13:17
in ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во РСМ

Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Џорџа Мелони, дава безрезервна поддршка за членството на Северна Македонија во Европската Унија. Ова го тврди амбасадорот на Република Италија во РСМ, Андреа Силвестри во интервјуто за нашата редакција. Тој истакнува дека сега сме во фаза на скрининг која би требало да заврши отприлика во ноември.

„Но, во тој момент, доколку Северна Македонија ги има усвоено уставните амандмани, ќе следи автоматско свикување, т.е. без никакви дополнителни услови од ниту една друга земја, на Втората меѓувладина конференција и отворање на првиот преговарачки кластер“, вели Силвестри.

Со Силвестри разговараме во пресрет на 30 годишнината од воспоставување на дипломатските односи со Италија. Билатералната соработка на економски и на културен план, тој ја оценува како одлична и најавува низа на проекти кои треба да се реализираат во насока на зацврстување на традиционално добрите односи. Силвестри вели дека ЕУ е среќна што Македонија ја осуди руската агресија врз Украина и на тој начин застана на вистинската страна на историјата.

Дали и на кој начин можеме да сметаме на поддршка на Италија за интеграцијата на РСМ во ЕУ?

Силвестри: Отсекогаш сме давале поддршка, со сите влади на Италијанската Република, а дотолку повеќе и со поголема убеденост го прави тоа и сегашната Влада, предводена од Џорџа Мелони. И нашиот Министер за надворешни работи е многу активен на оваа тема, со конкретни дела. Во јануари, за да го привлече вниманието на претприемачите кон регионот на Западен Балкан и кон Северна Македонија, организираше конференција за Западен Балкан во Трст, а во март свика и министерска конференција на Министрите за надворешните работи од регионот, во Рим. Во подготовка се и други инцијативи.

Дали уставните измени ќе го олеснат патот кон ЕУ?

Силвестри: Уставните измени сигурно ќе помогнат во таа насока. Сега сме во фазата на скрининг која би требало да заврши отприлика во ноември. Но, во тој момент, доколку Северна Македонија ги има усвоено уставните амандмани, ќе следи автоматско свикување, т.е. без никакви дополнителни услови од ниту една друга земја, на Втората меѓувладина конференција и отворање на првиот преговарачки кластер. Дотука мислам дека е многу јасно.

Компромисот кој беше усвоен во јули минатата година од 27-те земји-членки и од Северна Македонија не може да биде изменет од ниту една земја членка ниту за да се додадат дополнителни услови, ниту пак во смисла на негово олеснување. Значи, секако, процесот ќе зависи од вас и ќе има некои потешки, но и некои полесни чекори.

Како ќе ја оцените билатералната соработка меѓу нашите земји, на економски и на културен план?  

Силвестри: На политичко ниво веќе споменавме, но и на економско сме еден од најважните партнери на Северна Македонија, како во поглед на трговска размена, така и во инвестициите. Сигурно би можело да се направи и повеќе. Мислам дека зајакнувањето на инфраструктурните врски ќе помогне во таа смисла. Но како Амбасада ќе вложиме напори за да се создадат повеќе прилики за средба на италијанските со македонските фирми. Правиме многу и на културен план. Минатата година ја потпишавме и новата Програма за соработка во областа на културата, образованието и науката. Организираме бројни иницијативи. Би сакал да споменам две кои се однесуваат на јазикот. Го промовираме изучувањето на италијанскиот јазик во основните училишта на Северна Македонија, заедно со Владата на Северна Македонија. Но, ќе има и пилот-проекти во Италија за изучување на македонскиот јазик. Во Италија има голема македонска заедница која брои околу сто илјади лица. Впрочем, се работи за иницијативи кои ќе бидат организирани и во рамките на прославата на триесеттата годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи.

Какво генерално Вашето видување воопшто за интеграцијата на земјите од Западен Балкан?

Силвестри: Најпрво, би сакал да се осврнам на зборовите на нашиот Министер за надворешни работи, Тајани, кој и неодамна го повтори овој став.

А тоа е од политички причини, како и од географски и економски причини. Меѓу седумдесет и осумдесет проценти од трговските размени се со ЕУ. Но, и од културни и социјални причини. Многу е позитивно тоа што оваа цел е заедничка за сите земји од Западен Балкан. Секако, ситуациите се различни: некои земји уште пред неколку години ги започнаа преговорите; други пак како Северна Македонија и Албанија почнаа со преговорите минатата година; Босна и Херцеговина неодамна го доби статусот на земја кандидат и така натаму. Значи важно е секоја земја да воведе реформи зошто брзината на проширувањето ќе зависи од тоа. Она во кое можам да ве уверам е дека Италија секогаш ќе биде покрај вас, и за да ве поддржи во процесот на усогласување на нормативите со европските. Но, исто така, и за да спречи интерференции основани на билатерални прашања.

Во актуелниот геополитички миг кој е условен од Војната во Украина, колку е потребна сплотеност на ЕУ за да го задржи својот демократки карактер и да се бори со секој облик на агресија и репресија на нејзиното тло?

Силвестри: Руската агресија на Украина донесе трагични последици за населението. Украина индиректно поттикна повторно отворање на прашањето за проширување. Но исто така и поголема кохезија во Европската Унија, која, ќе потсетам, е Унија заснована на демократски вредности и човекови права. Во рамките на ЕУ со големо единство одлучивме да донесеме бројни мерки со санкции против Русија, како и за помош на Украина. Навистина сме среќни што Северна Македонија е со нас во овој избор, бидејќи на тој начин застана на вистинската страна на историјата.


Биографија Андреа СИЛВЕСТРИ
Роден е во Арецо, на 19 мај 1968 година. Студирал на Универзитетот во Рим: дипломирал политички науки на 9 декември, 1991.На 18 мај 1993 на јавен конкурс бил избран да се обучува за дипломатска кариера. До 15 јуни 1993 година ја исполнил и воената служба. Од 16 јуни 1993 година започнал да работи во Генералниот Директорат за соработка за развој, во XIII оддел. Од 30 март 1994 до 30 јануари 1995 остварил професионална обука при Дипломатскиот Институт. Од 31 јануари 1995 стапил во служба на Генералниот Директорат за соработка за развој, VI оддел. На 31 јануари 1995 бил назначен за Секретар на Делегација. Од 5 август 1996 служел како Втор трговски секретар во Абиџан. На 18 ноември 1997 ја добил титулата Прв Секретар наДелегација. Во истото преставништво се здобил со функцијата Прв трговски секретар на 1февруари 1998. Од 15 јули 1999 година служел како Заменик-Конзул во Париз. На 23 март 2000 година му била доделена функцијата Конзул во Париз. На 12 јуни 2003 година стапил во служба на Генералниот Директорат за административни работи. На 2 јули 2003 година се стекнал со титулата Советник на Делегација. Од декември 2004 година до јуни 2005 година учествувал на обуката за Советници на Делегации при Дипломатскиот Институт. На 18 октомври 2005 година почнал да работи во Генералниот Директорат за европска интеграција, во VI оддел. На 2 август 2006 година бил назначен за Раководител на VI оддел на Генералниот Директорат за европска интеграција. На 2 јули 2008 година станал Советник на Амбасада. Од 27 август 2008 година раководел со VI оддел на Директоратот за европски интеграции. Од 1 септември 2009 година бил назначен за Прв советник за имиграција и социјални прашања при постојаното седиште на ЕУ во Брисел. На 21 февруари 2013 година го напуштил матичното Министерство за да стапи на должност во Министерството за земјоделство, храна и шумарство, како Дипломатски Советник на Министерот. Во истото Министерство се стекнал со рангот Дипломатски советник на Министер и бил на функција сѐ до 11 февруари 2019 година. На 11 февруари 2019 година се враќа во Министерството за Надворешни Работи и Меѓународна Соработка. Од 28 февруари 2019 работи под надлежност на Раководителот на Службата за правни прашања при Директоратот за дипломатија и дипломатски спогодби. Поручник, Финансиска Полиција, 17 март 1996 година. Одликуван со орден за заслуги на Италијанската Република, 2014 година.

Ана Василевска

камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Амбасада на Италија во РСМАндреа СилвестриЕУ интеграцииуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ