• Latest
Фото/ Градска редакција: Јавна чешма на кеј на Вардар  „13 ноември„ кај Холидеј Ин, целосно нефункционална, пренамената за гаснење цигари

Видео анкета на Градска: Граѓаните со шишиња во рака, повеќето јавни чешми во Скопје не работат

July 13, 2023
фото извор: Алта банка

АЛТА БАНКА: Кредити од 1,6 милиони евра и можен судир на интереси

November 16, 2026

(ИНФОГРАФИК) Алта банка Битола: Кој продава и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

ЦИВИЛ: Ниту едно презиме, функција или политичка врска не смее да биде штит за насилството и неказнивоста!

November 16, 2026
Фотографија: Martti Salmi / Unsplash

Естонија ги затвора сите три гранични премини кон Русија од 1 декември по обидот за саботажа

November 16, 2026

АЛТА БАНКА БИТОЛА НА ПРОДАЖБА: Кој има право да ги продаде акциите и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

Потресна објава на мајката на Сара: Ќерката е во болница, осомничениот на слобода – кој ја штити правдата?

November 16, 2026
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ ја засилува поддршката за Украина пред зимата и предупредува на руските хибридни закани

November 16, 2026
Илустрација ВИ

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден за толеранција: Толеранцијата не е молчење пред агресијата и омразата – нема мир без правда

November 16, 2026
NVIDIA (photo:  Wikipedia)

NVIDIA во криза: Меѓу секс скандалите и шпионажата

November 16, 2026

Држава на апсурди и индиции за продолжување на уривањето на Системот за заштита и спасување

November 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Видео анкета на Градска: Граѓаните со шишиња во рака, повеќето јавни чешми во Скопје не работат

July 13, 2023 14:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Фото/ Градска редакција: Јавна чешма на кеј на Вардар  „13 ноември„ кај Холидеј Ин, целосно нефункционална, пренамената за гаснење цигари

Фото/ Градска редакција: Јавна чешма на кеј на Вардар  „13 ноември„ кај Холидеј Ин, целосно нефункционална, пренамената за гаснење цигари

Share on FacebookShare on Twitter

Се знае дека летните денови во Скопје знаат да бидат жешки и неподносливи, на некои места понекогаш дури и над 40 целзиусови степени. Состојбата е уште полоша во строгиот центар на градот, чаршијата и некои други делови на градот каде доминира бетонизацијата, а зеленилото е по ретко.

За граѓаните и туристите кои го посетуваат градот дополнителен проблем е немањето доволно јавни чешми за да напијат капка вода и да се освежат.

Градска редакција реализираше анкета во главниот град и ги праша дали знаат каде може да има поставено јавни чешми во околината на „Плоштад Македонија“?

Одговорите беа идентични, не знаат каде има чешми и според нив најдобро решение е да се понесе со себе шише со вода од дома. Според нив порано имаше повеќе чешми поставени низ градот.

Градска редакција низ прошетката на некои фреквентни места низ градот забележа дека на неколку места има поставено јавни чешми, но не се функционални и низ нив не тече ни капка вода.

Фото/ Градска редакција: Јавна чешма во плоштадот „Пресвета Богородица“ тече но кој од неа би се нафатил да пие вода? Запоставена, наталожено со лисја и ѓубре, ‘рѓосена и завиткана со хлор, никнало и диви растенија.

Фото/Градска редакција: Друга  јавна чешма во полоштадот „Пресвета Богородица„ целосно нефункционална, запоставена, наталожени се лисја и ѓубре, ‘рѓосана е и завиткана со хлор.

Фото/ Градска редакција: Јавна чешма на кеј на Вардар  „13 ноември„ кај Холидеј Ин, целосно нефункционална, пренамената за гаснење цигари.

Фото/ Градска редакција: Чешма „Парк Чаир„ целосно нефункционална, личи на дворно корито за чешма но не и на јавна градска чешма.

Нашата редакција испрати и писмени прашања до ЈП „Водовод и канализација – Скопје, но досега не добивме никаков одговор.

Според информацијиите кои пред некое време ги објави Градска.мк минатата година од јавното претпријатие информираа дека во градот има 240 чешмички, а годинава 200. Што се случило со другите, нема информација.

На територијата на град Скопје има околу 200 чешми за вода на јавни површини. Оние кои се на јавна површина со надлежност на Град Скопје се во функција и редовно се одржуваат, додека ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје донесе одлука за поставување водомери на чешмите што се во надлежност на општините, кои по поставувањето на водомерите, ќе бидат одржувани од нивна страна, додека оние што нема да бидат преземени од општините нема да бидат пуштени во работа – велат од претпријатието.

Н.Ш. / извор Градска.мк

камера и монтажа Ариан Мехмети

Tags: Град Скопјејавни чешминефунксионални
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ