• Latest
Венко Филипче на протестот на настанците, Скопје, 1 септември 2024 (фото извор: СДСМ)

(ВИДЕО) Филипче: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати, понижени и запоставени

September 1, 2024
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

(ВИДЕО) Филипче: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати, понижени и запоставени

September 1, 2024 13:59
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Венко Филипче на протестот на настанците, Скопје, 1 септември 2024 (фото извор: СДСМ)

Венко Филипче на протестот на настанците, Скопје, 1 септември 2024 (фото извор: СДСМ)

Share on FacebookShare on Twitter

На повик на СДСМ денеска се одржа протест на просветните работници пред Министерството за образование. Протестот го поддржа и првиот човек на партијата, Венко Филипче, кој даде изјава за медиумите. Според него, неприфатливи се оправдувањата на власта дека нема пари во буџетот. 

„Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати и би рекол понижени и запоставени од Владата. Мицкоски јасно покажува дека го запоставува образованието, ги запоставува оние кои ни ги учат и воспитуваат децата. Оправдувањата дека нема пари во буџетот се неприфатливи. Ако СДСМ беше на власт ќе имаше пари и за покачување на плати и за почитување на сите колективни договори“, изјави Филипче.

Тој рече дека никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12% и дека е очигледно дека „има пари за нови четири министерства и цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување на нови директорски места во царина и така натаму“. Филипче тврди дека буџетот има пари, но платите не се приоритет за оваа власт.

Протест на наставниците, 1 септември 2024 (фото извор: СДСМ)

„Ако имаше средства во времето на СДСМ, и тоа во најголемите светски кризи, здравствена, економска, енергетска како нема пари овој септември за да се покачат платите на просветните работници“, потенцира Филипче.

Тој истакна дека овој собир пред почетокот на учебната година е алармирање на власта за погрешните политики во образованието. Воедно, тој упати повик до владата да се соземе и да сфати дека без редовно покачување на платите, во услови кога цените растат и тие не ги контролираат како тоа што го правеше СДСМ, животниот стандард ќе паѓа.

„Економијата нема да расте како што најавуваат и ќе создадат се потежок живот за граѓаните и работниците“, предупреди Филипче.

Од овој протест се огради СОНК, а во медиумите блиски до власта протестот беше оценет како „фијаско“.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ