На социјалните мрежи утрово, профилот Meanwhile in Ukraine сподели кратко видео од елиминација на непријателска цел.
Утрово, дрон погоди и објект во самата Москва, оддалечен шест километри од Кремљ. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин потврди дека се работи за напад со дрон.


Во меѓувреме, Украина спроведува успешни „санкции“ кон Русија. На фотографијата се гледа облак од густ чад над рафинеријата Новошахтинск во јужниот дел на Русија, која со денови гореше по напад од дроновите на воздушните сили на Украина.














































