Циркуларната економија не е непозната за бизнис секторот. Напредокот на технологијата и иновативноста од една страна, потребата и свеста за заштита на животната средина и искористување на отпадот како ресурс, од друга страна, се причина повеќе да се влезе во профитабилен бизнис кој ќе ги применува и надоградува принцимите на цирукларна економија. Таков пример се „Пакомак“ и „Нутривет“ чии претставници беа дел од ретата сесија „Иновациите во бизнис секторот и циркуларната економија: Позитивни примери за иднината“, на конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“.
Филип Ивановски, извршниот директор на „Пакомак“ и Живко Серафимовски, сопственик на „Нутривет“ зборуваа за потребата од јакнење на јавната свест за циркуларната економија и важноста од селектирање и рециклирање на отпадот.
Овој настан беше дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети