Во ова издание на КОЛЕГИУМ разговараме отворено и без ракавици за изборите, и наративите кои се пласираат пред граѓанките и граѓаните. Без пардон, директно и со аргументи – разобличуваме наративи, манипулации, говор на омраза и политички игри што ги загрозуваат изборите и демократијата.
КОЛЕГИУМ ја отвора секоја тема без страв и калкулации.
Сите жешки теми од земјата, регионот и светот на едно место – КОЛЕГИУМ.
Пораст на интензитетот на руските пропагандни наративи во македонските медиуми – дали има директна или индиректна врска со изборите-
Зголемување на говорот на омраза и национализмот во изборната трка – инциденти, насилство и наплив на верска, етничка и национална омраза на социјалните мрежи
Институциите потфрлаат – не се загрижени дека ќе сносат последици за неисполнување на законските обврски
Ова се само дел од прашањата на кои одговара КОЛЕГИУМ, новото издание на подкастот на ЦИВИЛ, во кое се анализираат клучни општествени, политички и медиумски прашања, без ракавици и без калкулации.
Водител: Џабир Дерала Учесници: Билјана Јордановска, Дехран Муратов, Драган Мишев
Реализација: Ариан Мехмети