• Latest

(ВИДЕО) Лазареска Героска: Политиката ги кочи измените на изборниот законик

May 13, 2021
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

(ВИДЕО) Лазареска Героска: Политиката ги кочи измените на изборниот законик

May 13, 2021 14:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Јас сум претседателка на работната група за изработка на измени на Изборниот законик, нели рековме ќе правиме целосно нов Изборен законик, но како што и тогаш во декември реков, за овој изборен циклус, за овие локални избори, нема да се стигне со целосно нов Изборен законик“, истакна државната советничка при Министерството за правда, Радица Лазареска Героска, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори“.

Јас сум претседател на работната група, но својата работа ја сфаќам како координатор на целиот тој процес бидејќи знаете, има многу учесници во тој целиот тој процес, и тоа, како од државни институции, невладин сектор, меѓународни организации, заинтересирани страни итн. Тоа е прилично комплексна работна група и процес бидејќи ОБСЕ, како што кажа проф. Дескоска тоа е прилично сложен процес бидејќи има многу предлози, барања, визии на институции,  невладин сектор, на новинари итн.

А од друга страна имаме политика која што без оглед на тоа што ние ќе сработиме и сме се договориле, на крајот доаѓа пред политичкиот фактор и треба да се усвои определено законско решение. Кај другите закони тој процес е поедноставен бидејќи како работна група работиме па го доставуваме до Владата па оди во Собрание и таму се гледа политиката. Овде е малку поинаку бидејќи политиката ни е инволвирана во целиот процес уште при подготовка на законското решение бидејќи работната група има и претставници од политичките партии, кои што делумно учествуваат во овој процес, некои сега за сега само слушаат и претпоставувам дека го чувствуваат филингот на институции на невладиниот секот. Процесот ни е заглавен. Ние со работа како работна група завршивме некаде мислам 22 март. Се одржаа 4 работни средби, со тоа што едната работна средба траеше скоро цел месец. На секои 5-6 дена се гледавме каде што имаше определени предлози, бидејќи законскиот дел го работат експертите, проф. Дескоска е дел од експертскиот тим, и тие имаа задача да ги согледаат сите препораки на ОБСЕ кои беа дадени во последниот извештај и да искочат со предлози.

Притоа секоја од институциите имаше право да даде свое видување на препораките на ОБСЕ во правец да даде некаков предлог на тоа што мисли дека ќе се надмине одреден проблем кои со години се провлекуваат низ извештаите. Сите тие предлози беа ставени пред целата група и секој имаше право да го коментира и да даде свое видување итн. И прилично се потрошивме можам да кажам. Сите си дадоа свои мислења и видувања, дури и новинарите од ММА, тоа се електронските медиуми кои постојат во државава кои дадода свое мислење и дадоа прилично бурна реакција во работната група. Од март наваму експертите требаше да подготват текст кој ќе го содржат сите препораки забелешки предлози итн. од институциите и јас како претседател до ден денешен немам видено текст. Веќе политиката си го прави своето и очигледно почнуваат дискусии на одредено друго ниво.

Јас како претседател на групата немам видено текст кој можеме да го процесуриаме во Влада. Далеку сме сеуште во тоа, освен ако не е одлучено и оваа измена да оди на некој друг начин бидејќи знаете дека на почетокот на април се случи една измена на изборниот законик надвор од целиот овој процес по политички договор и по предлог на пратеничка група, беа усвоени измените кои се однесуваа на отисокот од прст во процесот на гласање. Јас не би можела да ви кажам и не ја знам која е политичката одлука дали да се оди преку министерство за правда по регуларен пат или повторно ќе се оди на некој друг начин.

Ова го зборувам бидејќи денес е 12 мај, во сите агенди краен рок беше мај да се усвои законот, односно измените на Изборниот законот, така што, што и да ви кажам можам да згрешам.

Работната група е продолжи со работа, бидејќи сите сме свесни дека ваков изборен законик е навистина неупотреблив и многу тежок за следење на било кој од учесниците во изборниот процес, а да не кажам колку е тоа тешко за обичните граѓани кои сакаат да имаат претстава што ги очекува и какви права ќе имаат и очекуваме да поднесуваат приговори, така што е многу тешко за следење.

Така да оваа работна група колку што знам кај ќе продолжи со работа и понатаму и следната година или 2023, но се очекува да се оди со целосно нов Изборен законик бидејќи овој закон сега веќе има 35 усвоени промени и една во најава.

Ирена Крџиќ

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Игор Чадиноски

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ