Западен Балкан е едиствен регион каде што границите се толку цврсти, каде што со часови се чека да се помине, и компаниите и граѓаните. Нашата цел е, со иницијативата „Отворен Балкан“ тие бариери што стојат на патот на брзо и лесно преминување на границите, и соработка меѓу граѓаните и компаниите, да ја постигнеме што побргу. Наша цел е да ги тргнеме бариерите и не да ги тргнеме границите, туку да оствариме ниво на соработка која ќе ги направи тие граници се помалку важни, изјави за ЦИВИЛ Медиа вицепремиерот за европски прашања и Бојан Маричиќ, денеска на Самитот „Отворен Балкан“ што се одржува во Белград.
Драган Мишев