На 78 гофишна возраст почина култниот режисер Дејвид Линч, творецот на легендарните филмови Blue Velvet, Wild at heart, Mulholland drive, и епската серија Twin Peaks.
Покрај својот извонреден филмски опус, Линч беше познат и по својата поддршка за Украина. Веднаш по руската целосна инвазија врз Украина, во февруари 2022 година, Линч објави видео во кое испрати строга и емотивна порака во која го осудува Путин.
Линч му порачува на Путин дека е неизбежно дека ќе дојде „смрт и уништување“ за него, бидејќи „што ќе посееш, ќе жнееш“.
„Г. Путин, ние сме како човечки суштества обвинети за тоа како се однесуваме со нашите ближни“ „И постои закон на природата, тврд и брз закон за кој нема дупки и нема бегање од него, и овој закон е она што ќе го посеете и ќе го жнеете. И токму сега господине Путин сеете смрт и уништување. Сето тоа е на вас. Украинците не ја нападнаа вашата земја. Влеговте и ја нападнавте нивната земја. Сета оваа смрт и уништување ќе се вратат и ќе ве посетат, а во оваа голема слика во која сме вклучени, има бесконечно време, живот по живот по живот, за да го жнеете тоа што го сеете, му порача Линч на рускиот диктатор.
Драган Мишев