Премиерот на Велика Британија Сер Кир Стармер изјави во вторникот дека неговата земја ќе признае палестинска држава на состанокот на Обединетите нации во септември, освен ако Израел не исполни одредени услови, пренесува Би-би-си.
Сер Кир рече дека планот ќе продолжи освен ако израелската влада не преземе „суштински чекори за да се стави крај на ужасната ситуација во Газа“, вклучително и прекин на огнот и посветеност на долгорочен мировен процес што ќе обезбеди решение за две држави.
Околу 140 земји формално ја признаваат палестинската држава, а минатата недела Франција вети дека ќе го стори тоа на истиот состанок на ОН.
Дописникот на Би-Би-Си, Том Бејтман, го притисна британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, за времето на признавањето на палестинската држава, откако тело за безбедност на храната поддржано од ОН изјави дека „најлошото сценарио за глад во моментов се одвива“ во Газа.
Д. Мишев