Мицкоски одржа прес по средбата со Македонската банкарска асоцијација, при што соопшти дека до моментот е договорено домашните банки да го администрираат унгарскиот кредит во висина од 250 милиони евра што е наменет за кредитирање на стопанството.
Тој изјави дека не е постигнат целосен договор. Останува да се договори висината на каматата што ќе ја им ја наплаќаат банките на фирмите што ќе аплицираат за кредит.
„Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и ќе видиме. Очекувам до крајот на следната недела да имаме некој став и да го заокружиме сето ова и да се пренесе решението на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите, не би зборувал за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја да се доближат ставовите“, рече Мицкоски.