• Latest
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Проукраинските бунтовници зазедоа руско погранично село и тргнаа да „маршираат кон Москва“

March 12, 2024

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Проукраинските бунтовници зазедоа руско погранично село и тргнаа да „маршираат кон Москва“

Легијата на Слободата на Русија, паравоена единица која се состои исклучиво од руски државјани и дејствува против агресорските трупи на Кремљ, упадна на територија во Русија, три дена пред отворањето на гласачките места на изборите на кои се очекува Владимир Путин да ја задржи власта и наводно го освоила селото Тиоткино во руската област Курск

March 12, 2024 18:35
in Uncategorized, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Легијата на Слободата на Русија, паравоена единица која се состои исклучиво од руски државјани и дејствува против агресорските трупи на Кремљ, упадна на територија во Русија, три дена пред отворањето на гласачките места на изборите на кои се очекува Владимир Путин да ја задржи власта и наводно го освоила селото Тиоткино во руската област Курск, објави на Телеграм прес-службата на единицата , пренесува Укринформ.

„Селото Тиоткино, регионот Курск, е целосно под контрола на руските ослободителни сили. Војската на Путин брзо се повлекува од селото, оставајќи ги своите позиции зад себе и напуштајќи ја тешката воена опрема“, се вели во извештајот.

Пред тоа, рускиот опозиционер Илја Пономарјов на Фејсбук напиша дека под контрола на ослободителните сили е и пограничниот град Лозова Рудка во Белгородската област. Што се однесува до Тиоткино, тој напиша дека е во тек престрелка.

Како што е соопштено, утринава Легијата на слободата на Русија, РДК и Сибирскиот баталјон – етнички руски паравоени групи со седиште во Украина, составени од дезертери и други доброволци кои се борат против режимот на Владимир Путин, преминаа во руските региони Курск и Белгород како дел од заедничка операција.

Проукраинските руски единици на бунтовниците кои се борат преку заедничката граница имаат за цел да „маршираат кон Москва“, изјави еден волонтер за Њузвик  блиску до линијата на фронтот што се менува.

Алексеј Барановски, волонтер на Легијата на Слободата на Русија, кој се води под псевдонимот „Лутик“, рече дека операцијата во вторникот веќе довела до заземање на руско село блиску до границата со Украина.

Според Њузвик, украински и руски извори објавија дека вооружените групи најверојатно влегле во руските региони Белгород и Курск со оклопни возила – поддржани со минофрлачки и артилериски оган, според каналот War Gonzo Telegram.

Повикувајќи се на руски безбедносни извори, каналот објави дека во единицата имало околу 50 луѓе, а по гранатирањето од руска страна, тие се повлекле на првобитните позиции.

Милициските групи Легија на слободата на Русија и Руски волонтерски корпус, кои и двете го поддржуваат Кијив против агресијата на Москва, во вторникот рекоа дека се „во напад“. Во видео изјава, неименуван член на Легијата на Слободата на Русија рече:

„Дојдовме да ве ослободиме од Путин“.

„Не доаѓаме да убиваме, бришеме или казнуваме…дојдовме да ве ослободиме од сиромаштијата, од диктатура“.

„Ние не го признаваме крвавиот диктатор за претседател“

“We come to liberate you from #Putin” – Official Statement from the Anti-Kremlin Battalion “Freedom of Russia Legion” pic.twitter.com/fHj0vpwND5

— KyivPost (@KyivPost) March 12, 2024

Двете групи објавија видеа на Телеграм на кои се чини дека нивните борци, заедно со вооружени возила, влегуваат во селата во барем еден од пограничните региони, а во едно видео се слушаат истрели од огнено оружје. Не е јасно каде и кога се снимени видеата.

Легијата на слободата на Русија на Телеграм соопшти дека нејзините сили „уништиле“ руско оклопно воено возило во селото Тјоткино во областа Курск.

На нејзиниот канал на социјалните мрежи беше објавена снимка од возачкото седиште направена во темнината на вооружено возило во движење.

„Тенковите не се плашат од кал“, се вели во објавата. „ Преминат Рубикон, премината границата.“

Регионалниот гувернер на Курск, Роман Старовоит, во видео порака на Телеграм рече дека нападот бил насочен кон селото Теткино, кое се наоѓа веднаш до руската граница со Украина.

„Диверзантско-извидувачка група се обиде да пробие“, рече тој. „Имаше престрелка, но немаше пробив.

Властите во регионот на Белгород не потврдија никаков упад над границата кога пријавија низа напади со украински беспилотни летала во текот на ноќта низ регионот.

Руската Федерална служба за безбедност ги негираше информациите дека вооружените милициски групи успеале да навлезат во регионите Курск и Белгород, велејќи дека од неделата „запреле неколку обиди за нарушување на државната граница“, објави државната новинска агенција ТАСС.

Андриј Јусов, портпарол на украинската воена разузнавачка агенција ГУР, изјави за украинските медиуми дека руските волонтерски групи не дејствуваат по наредба на Кијив и дека „на територијата на Руската Федерација, тие дејствуваат апсолутно автономно, самостојно и ги извршуваат своите социјални и политички програмски задачи“.

Минатото лето , во мај и јуни, беа пријавени прекугранични упади на проукраински вооружени милитанти, од кои најсмртоносниот се случи во градот Шебекино во регионот на Белгород во јуни.

Утрото на 22 мај, борците на рускиот волонтерски корпус известија дека се навлезени во Русија. Конкретно, борците објавија видео на позадината на патните знаци во близина на населбите Љубимовка (Брјанска област), Безљудовка (Белгородска област) и Чуровичи (Област Брјанск), и ги повикаа жителите на руските погранични региони да останат дома и „ да не се противат“, објавија тогаш ЦИВИЛ Медиа.

И во јуни минатата година, како што пренесе ЦИВИЛ Медиа, елементи на проукраински руски волонтерски корпус (РДК) и Легијата на Слободата на Русија (ЛСР) извршија уште една ограничена акција во Белгородската област и продолжија да дејствуваат во руските погранични региони. Геолоцираните снимки објавени на 4 јуни покажуваат како персоналот на LSR и RDK напредува кон Новаја Таволжанка (3,5 километри од украинската граница),

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И: 

Експлозии во Белгородската област: „Рускиот волонтерски корпус“ и „Легијата на слободата на Русија“ ги повикаа Русите да се борат за Русија без Путин

Руските доброволци од РДК и ЛСР извршија уште една ограничена акција во Белгородската област, заробените руски војници ќе ги испратат во Украина

Мечката заигра и во дворот на Путин: Која е вистинската цел на операцијата Белгород?

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Белгородетнички руски паравоени групиКурскпогранични региониПроукраинска Легијата на слободата на Русија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ