Поранешниот претседател Трамп на петочниот настан организиран од конзервативната христијанска организација Turning Point Action ги повика христијаните да гласаат, велејќи дека нема да мора да го прават тоа повторно ако излезат таму во ноември и го изберат, бидејќи „сè“ ќе биде „средено”.
„Христијани, излезете и гласајте, токму овој пат“, извика Трамп пред толпата тврдокорни поддржувачи во Вест Палм Бич, Флорида.
„Нема да мора повеќе да го правите тоа. Уште четири години, знаете што, ќе се среди, ќе биде добро, нема да треба повеќе да гласате, убави мои христијани“, додаде тој.
These are the most horrifying 30 seconds I’ve ever seen in my life.
Vote Kamala Harris. pic.twitter.com/Qmd8McdHoV
— Aes🇺🇸 (@AesPolitics1) July 27, 2024
„Ве сакам христијани. јас сум христијанин. Ве сакам, излезете, мора да излезете и да гласате. За четири години, нема да морате повторно да гласате, ќе го „средиме“ толку добро што нема да мора да гласате“, рече Трамп.
Трамп во неговиот говор не штедеше зборови во обид да ги привлечат своите најжестоки поддржувачи на гласање на она што се очекува до блиските избори што може да се одредат со излезноста.
Драган Мишев