• Latest
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) „Уапсете го Вучиќ“: Масовни протести низ Србија поради тепањето студенти

January 28, 2025
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ВИДЕО) „Уапсете го Вучиќ“: Масовни протести низ Србија поради тепањето студенти

Демонстрантите носат транспарент „Дијалог“ со илустрација на крвава бејзбол палка како алузија на тепањето студенти и претходниот повик на режимот за дијалог „Доста е крв“, „Сите за еден, еден за сите“, „Бојата ќе се измие, крвта не“, „Нема да не газите“, „Палките ви се крвави“, и скандираат „Уапсете го Вучиќ“, „Оставките нема да ве спасат“, „Оставка па робија“.

January 28, 2025 20:35
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Бројни студенти, средношколци и граѓани протестираат пред канцелариите на владејачката Српска напредна партија (СНС) на „Булеварот ослободување“ во Нови Сад за да им дадат поддршка на студентите кои рано утринава беа нападнати од приврзаниците на СНС во тој град.

Како што пренесува порталот Аналитика, сите четири коловозни ленти на булеварот Ослободување се блокирани.

Голем број студенти се упатија на протести што почнаа од универзитетскиот кампус со многу бучава, со свирежи, вувузели, труби и тапани.

На насобраните им се придружија моторџии и земјоделци на трактори, пренесува Данас.

На протестот организирано доаѓаат и средношколци од Нови Сад, придружувани од голем број родители.

Редарите, претежно професори од Универзитетот во Нови Сад, формираа кордон пред просториите на СНС, за да спречат инциденти.

Демонстрантите носат транспаренти „Дијалог“ со илустрација на крвава бејзбол палка како алузија на тепањето студенти и претходниот повик на режимот за дијалог „Доста е крв“, „Сите за еден, еден за сите“, „Бојата ќе се измие, крвта не“, „Нема да не газите“, „Палките ви се крвави“, и скандираат „Уапсете го Вучиќ“, „Оставките нема да ве спасат“, „Излезете надвор“, „Оставка па робија“.

Голем број граѓани се собраа и во Крагуевац. Демонстрантите се собраа пред зградата на БИА, по што  започнаа со протестна прошетка до канцелариите на Српската напредна партија.

Се протестира и во Ниш – тамошните канцеларии на СНС се вандализирани, според N1, а демонстрантите стигнале до најголемата раскрсница во Ниш, во близина на трговскиот центар Делта.

SNS UBICE! 🚨#niš pic.twitter.com/z7ZjLN3tYx

— Mateja (@MATEJANIKOLlC) January 28, 2025

Полицијата во Нови Сад приведе четворица осомничени дека синоќа нападнале студенти во центарот на Нови Сад.

Припадници на МВР во Нови Сад ги уапсија Д.Р.(22), Н.Б.(22) и Н.Д.(22) од овој град и С.К.(30) од Сремски Карловци, поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело прекршок насилничко однесување и тешка телесна повреда, објави Блиц.

Се сомничи дека четворица од нив синоќа во Нови Сад физички нападнале двајца млади момчиња и три млади жени и дека, во таа прилика, една млада жена била тешко повредена, а еден млад маж полесно.

На сите четворица им е одредена мерка притвор до 48 часа и ќе бидат изведени пред Основното јавно обвинителство во Нови Сад со поднесена кривична пријава.

При нападот се повредени двајца студенти, од кои студентот од Филозофскиот факултет е пуштен на домашно лекување. Студентот А.В.(23) бил примен во Ургентниот центар со тешки телесни повреди и се уште е под надзор во здравствената установа.

Tags: протести Нови Сад
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ