Украинската пратеничка Кира Рудик во интервју за Скај Њуз го коментираше вчерашното паѓање на ракета врз село во Полска, при што загинаа две лица. Таа рече дека без оглед на потеклото на ракетата, на крајот на краиштата за тоа е виновна руската агресија.
– Дури и ако станува збор украинска ракета која требала да пресретне руски ракети, сепак тоа е резултат на обидот да ги заштитиме нашите животи. Повторувам, најдобриот одговор би бил да и се дадат на Украина борбени авиони, како и напредни системи за противвоздушна одбрана. Во тој случај, и ако беше грешка, не би можела се повтори. Затоа што она што сега се случува Украина е борба за опстанок, изјави Рудик.
Претседателот Бајден вети поддршка за истрагата за проектилот во кој загинаа двајца полски државјани во експлозија, но им сугерираше на новинарите дека проектилот најверојатно не бил истрелан од Русија, пренесува Њу Јорк Тајмс.
„Постојат прелиминарни информации кои го оспоруваат тоа“, рече тој, наведувајќи ја траекторијата на ракетата.
Ројтерс, повикувајќи се на извор од НАТО, објави дека американскиот претседател Џо Бајден ги информирал Г7 и партнерите во НАТО дека експлозијата во Полска била предизвикана од украинска ракета за воздушна одбрана.
US President Joe Biden had informed the G7 and NATO partners that the explosion in Poland was caused by a Ukrainian air defense missile, – Reuters, citing a NATO source pic.twitter.com/sjYj9llarc
— ТРУХА⚡️English (@TpyxaNews) November 16, 2022
Подготви: Д. Мишев