Украинскиот етно-фолк бенд Калуш Оркестар Оркестарот Калуш, кои вчера победија на Евровизија, денеска го објавија официјалниот видео запис на песната со која настапија, „Стефанија“.
Видео записот е снимен во Буча, Ирпин, Хостомел и Бородјанка, уништени од руската војска.
Тие не сакале да го објават претходно видеото за да не ги обвинат за политизирање на натпреварот.
На крајот од видео записот се вели дека е посветен на храбриот украински народ, на мајките што ги штитат своите деца, на сите оние што ги изгубија животите за нивната слобода. Видеото завршува со повик: Застанете со #Украина!