• Latest

Видеоконференција по иницијатива на Димитров и Дендиас за регионалната соработка по пандемијата на Ковид-19

May 19, 2020
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Видеоконференција по иницијатива на Димитров и Дендиас за регионалната соработка по пандемијата на Ковид-19

May 19, 2020 14:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска ја реафирмиравме нашата решеност да продолжиме и да ја продлабочиме нашата соработка за да ги ублажиме последиците од пандемијата на Ковид-19 и да ги поставиме темелите за закрепнување на регионот, пишува во заедничката изјава по вториот министерски форум „Солун 2020“ на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Словенија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

На денешната средба преку видеоконференција, организрана по иницијатива на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас, присуствуваа и комесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и претставници на Хрватска, како земја претседавач со ЕУ, генералната секретарка на Европската служба за надворешни работи, Хелга Шмид и директорот во Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи на Европската комисија, Јоханес Лухнер.

Во обраќањето на конференцијата министерот Димитров изрази задоволство што за кратко време со грчките пријатели успеавме да бидеме виртуелни кодомаќини на колегите од регионот, од земји членки на ЕУ во негова непосредна близина и на високи претставници на Унијата, со цел да се иницира дискусија за заедничката соработка во следната фаза по појавата на пандемијата, нешто што беше незамисливо до пред неколку години.

– Чувството на заедништво што се создаде по иницијалниот шок од кризата, верувам дека со заеднички и координирани чекори ќе го развиваме и понатаму, а во насока на што поскоро и побезбедно враќање кон редовни социо-економски текови на нашите општества и закрепнување од последиците од Ковид-19, нагласи Димитров.

Тој изрази благодарност и до партнерите од ЕУ за чувството дека нè земаат предвид при носење на мерки и насоки од различен карактер при менаџирање со кризата, справување со последиците и постепеното излегување од рестриктивните мерки.

– Сето тоа дава увереност дека таквиот пристап ќе продолжи и во иднина, во насока на целосна интеграција на Западниот Балкан во ЕУ. Заедничката изјава што денес ја усвоивме е уште еден показател во тој поглед, додаде Димитров.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за време на состанокот биле донесени десет заклучоци што се однесуваат на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, на здравствениот и туристичкиот сектор и транспортот, на регионалната соработка, како и почитување на индивидуалните права и слободи, независните медиуми и борбата со ширење на дезинформациите, а паралелно ја поздравуваат и одлуката на Унијата за помошта за регионот за справување со пандемијата, .

Целта на Конференцијата беше отпочнување на дискусија помеѓу Министерствата за надворешни работи како тие можат успешно да придонесат, преку заемна соработка, во следните фази од справување со социо-економските последици кои ги предизвика пандемијата на Ковид -19. Во фокусот беше тековната и идна соработка поврзана со можните начини за регулирање на прекуграничното патување, транспортот и туризмот, како и заемната поддршка на економиите на земјите во светло на пакетот насоки и препораки на Европската комисија објавен на 13 мај за тоа како да им помогне на земјите членки постепено да ги подигнат ограничувањата за патување и да се овозможи повторно отворање на туристичкиот сектор, имајќи го предвид здравјето на граѓаните како приоритет.

За здравствениот сектор говорат за засилена, редовна соработка меѓу епидемиолозите и здравствените  работници што би можело да биде од помош за надминување и дополнително ширење на пандемијата.

– Оваа соработка би можела да го зајкане создавање регионална мрежа на болници и оддели за здравствена заштита кои ќе треба да соработуваат за лекување на пациенти со Ковид-19. Експертите и здравствените работници треба да разменат мислења во врска со здравствени протоколи за хотелите и да ги разгледаат критериумите, како и за безбедно и постепено обновување на туристичките активности, пишува во заедничката изјава.

Министрите велат дека „координираната рамка за безбедно враќање на транспортот и поврзаноста на билатерално и регионално ниво треба да биде приоритет“ и ја поздравуваат иницијативата на Европската комисија да обезбеди „брз проток на стоки преку зелените ленти што ги поврзуваат ЕУ и Западен Балкан“.

– Обновувањето на движењето, повторното отворање на границите и укинување на наметнатите мерки треба да биде постепен процес, заснован на епидемиолошка проценка и спроведен на координиран начин. Здравјето на работниците во транспортот и на патниците и брзото минимизирање на било какви ризици во врска со повторното појавување на пандемијата ќе бидат главен приоритет, пишува во заедничкото соопштение.

Во однос на туристичкиот сектор, велат дека би можело да се разгледа координиран процес меѓу надлежните органи на регионално ниво и редовна прекугранична комуникација, за да се олесни обновување на туристичките  активности.

– Во овој дух, ние сме подготвени да разговараме, на ниво на надлежните власти, за најдобрите начини за постепено олеснување на рестрикциите, во зависност од состојбата на национално ниво и на ниво на ЕУ, во однос на прекуграничното/ граничното патување и туризмот, секторот кој е особено погоден од кризата и претставува важен двигател на растот и креирањето работни места за многу земји во регионот, пишуваат министрите.

Паралелно ја истакнуваат важноста на целосното почитување на индивидуалните права и слободи, како и на независните медиум и слободната размена на точни и веродостојни информации, а ги споменуваат и предизвиците за справување со лажните вести за Ковид-19.

-Решени сме да се бориме против ширењето на дезинформациите, како и против говорот на омраза, пишуваат министрите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ