Универзална сала и Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District” во знак на благодарност до сите поединци и групи кои напорно работат во борбата со пандемијата од КОВИД-19 изработија видеопроекција поставена на влезот на Универзалната сала.
Видеото е направено од пријатели и соработници на „Skopje Light Art District”, а пораките за благодарност се испишани на повеќе светски јазици.
Изработено е во рамки на проектот на Град Скопје „Култура во време на корона“ и, како што соопшти Универзалната сала, посветено е на сите што се во првите редови во борба со короната.
-Тие се главните фактори кои го овозможуваат функционирањето на државите и економмиите, наведува Универзална сала.