Директорот на Управата за приходи и царина, Раде Милошевиќ, вчера вечер е уапсен во акција на Специјалното полициско одделение по налог на обвинителството, под сомнение дека е дел од организиран синџир кој крадел и шверцувал цигари, кои државата запленети летово во слободната царинска зона на пристаништето Бар, пренесуваат црногорски „Вијести“
Милошевиќ и уште неколку службеници на Управата за приходи и Царинасе уапсени поради сомнение за кривично дело создавање злосторничка организација, злоупотреба на службената положба и шверц на цигари.
Милошевиќ е избран за директор на Управата на крајот на април годинава. Тој е член на Граѓанското движење УРА, на премиерот во оставка Дритан Абазовиќ.
„Вијести“ јавува дека меѓу осомничените има и лица од државниот систем, кои беа уапсени во тајната акција на Специјалното полициско одделение и специјалното обвинителство, под сомнение дека се дел од организиран синџир на кражби и шверц на цигари, кои наводно биле запалени во печките на „Јаворка“ и на „Железарата“ во Никшиќ.
Порталот пишува дека обвинителството смета дека бројот на пакети наведени во документите на Управата за приходи и Царина не биле запалени во печките, туку дека дел од запленетата стока завршила во шверцерските синџири.
Првото уништување на запленети цигари Управата за приходи и царина го организирала на 30 јуни годинава во приватната фабрика „Јаворак“ во Никшиќ. Во таа тајна акција, без знаење на Полициската управа, пред четиричлена комисија од Управата за приходи и царини биле уништени дел од цигарите, но никогаш не било јавно соопштено за колку пакети станува збор.
Во следните два наврати, Управата за приходи и царини го организирала палењето на 17 август, кога УПЦ соопштила дека 1.000 кутии цигари запленети во слободната зона на пристаништето Бар ќе бидат уништени во печките лоцирани на теренот „Фабриката Јаворак МБ“ во Никшиќ.
Последното палење било организирано во четвртокот во „Железарата“ во Никшиќ, кога Милошевиќ најави дека ќе биде уништена стока во пазарна вредност од три милиони евра, а во набавката приближно еден милион евра. На уништувањето беа присутни и премиерот Дритан Абазовиќ и министерот без ресор Зоран Миљаниќ.
Премиерот Дритан Абазовиќ ја поздрави акцијата на Специјалното државно обвинителство (СДТ) и МВР во Никшиќ за спречување на шверцот со цигари и изјави дека државата „се става крај на шверцот со цигари“.
„Држава на владеење на правото во која сите ќе имаат еднакви права и обврски е идеалот за кој се бориме и за него ќе се бориме. Ни по татко, ни по чичковци. Ставаме крај на шверцот со цигари“, напиша Абазовиќ на Твитер.
Pozdravljam akciju SDT i @MupCg u Nikšiću na sprečavanju krijumčarenja cigareta. Država vladavine prava u kojoj će svi imati jednaka prava i obaveze je ideal za koji se borimo i izborićemo se. Ni po babu, ni po stričevima. Stajemo na kraj švercu cigareta!
— Dr Dritan Abazovic (@DritanAbazovic) October 1, 2022
Подготви: Д.Мишев












