• Latest

Викенд кампања за локалните избори, пристигна и последната пратка на „фингерпринт“ апаратите

October 9, 2021
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Викенд кампања за локалните избори, пристигна и последната пратка на „фингерпринт“ апаратите

October 9, 2021 16:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Финишираат подготовките за локалните избори, пристигна последната пратка на „фингерпринт“ апаратите. Ниту дождот не ги запира политичките партии да се растрчаат низ општините за да ја претстават својата програма и да ги убедат граѓаните да гласаат за нив.

ДИК

Со пристигнувањето на последната пратка од 1.300 терминални за гласање се комплетира вкупниот број од 4.000 илјади уреди кои на денот на изборите, 17 октомври, ќе бидат распоредени на 3.480 гласачки места. Биометриската опрема за гласање ќе се примени за прв пат на овие локални избори.

Вечер на полноќ завршува рокот и за пријавување за гласање на болните и немоќните. Додека рокот за лицата со Ковид -19 или во самоизолација е до 11 октомври на полноќ.

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

ВМРО-ДПМНЕ

„Да создаваш значи да подобриш. Да помогнеш, да градиш, да се грижиш. Создаваме со љубов. Создаваме за сите луѓе. Создаваме со труд и знаење. Со квалитет, искуство и нови сили. Стручно, одговорно и посветено. Создаваме програма со многу проекти.

Нови гасоводи, спортски центри, булевари. Нови училишта, улици, водоводи. Нови паркови, градинки, амбуланти. Нови работни места и повисок стандард“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ

Од СДСМ велат дека екологијата и одржливиот развој остануваат висок приоритет на Владата предводена од СДСМ и локалните самоуправи, бидејќи чистиот воздух, водите и здравата животна средина се реална потреба на жителите на секоја современа општина која тежнее да биде модерно, удобно и европско место за живеење.

„Силната посветеност на реализација на зелената агенда континуирано ја покажуваме на дело. Од сонцето правиме струја. Од ветерот правиме струја. Од отпадот правиме струја. На македонските полиња ќе никнат стотици ветерници и фотоволтаици. Изминатите четири години бележиме значително намалување на загадувањето на воздуот“, велат од СДСМ.

НЕЗАВИСНИ

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, истакнал дека Куманово, по победата на локалните избори ќе продолжи за биде хумана општина за сите граѓани.

„Како дел од приоритетните проекти во овој сегмент предвидуваме: Отворање на градска кујна за лица од социјално-ранлива категорија; Изградба на стационар за згрижување и нега на кучиња скитници; Преноќевалиште за бездомници и психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство, поплави и пожари; Изготвување на програма за реинтеграција на маргинализирани лица (зависници од психотропни супстанци) на пазарот на труд и шелтер за маргинализирани групи; Вклучување на децата од социјалнo-загрозени семејства во воннаставните активности и неформалното образование преку бесплатни курсеви, екскурзии, спортски активности и можност да учат и тренираат одреден спорт бесплатно; Социјална инклузија“, истакна Димитриевски.

ДУИ

Мухамед Рамадани, носител на листата кандидати за советници од ДУИ, вели дека планираат дигитализација во образованието.

„Накратко ќе ги елаборирам клучните точки од изборната програма што бараме четиригодишен мандат од граѓаните на Сарај. Во областа на енергетиката планираме: 1. Гасификација на економските зони и јавните институции. 2. Подготовка на физибилити студија за производство на електрична енергија 3. Инсталација на соларни панели во некои училишни згради и спортски сали. 4. Создавање простори за инсталирање на фотоволтаична опрема што ќе служи за снабдување со електрична енергија на јавната мрежа за осветлување и некои јавни институции. 5. Модернизација на енергетската мрежа во сите населени места“.

ГРАД СКОПЈЕ

Откако во јавноста се појави видео како во Кисела Вода се сечат здрави и големи дрва, за како што велат од Зелен хуман град со цел поубаво да се гледал билборд на една од политичките партии.

„Затоа, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД излезе на терен на истото место каде што беше исечено дрвото, засади ново дрво, а старото исечено го потпревме назад врз билбордот. Сепак, поубаво е кога е зелено. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД нема да дозволи уништување на животната средина во Скопје!“, велат до ЗХГ, чиј кандидат за градоначалничка на Град Скопје е Ана Петровска.

Градоначалникот на Град Скопје, и кандидат од редовите на СДСМ, Петре Шилегов истакна дека ќе дава субвенции за 30.000 велосипеди и 4 милиони евра за инвертер клими во следниот мандат.

„Во рок од еден мандат, преку субвенции стимулиравме 5000 домаќинства да ги заменат нееколошките грејни тела со еколошки. 5000 оџаци помалку чадат во Скопје благодарение на оваа поддршка. Во следниот мандат издвојуваме еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години. Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето“, потенцираше Шилегов.

Приоритети на независната кандидатка за Град Скопје, подржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска е решавање на проблемот со водоводната мрежа.

„Стручен тим ќе изработи студија за утврдување на состојбата на двата главни магистрални метални цевководи, едниот кој е поставен по Партизанска и другиот кој е поставен по булеварите Словенечка и Босна и Херцеговина. Овие главни цевководи се изградени уште во 1967 година со метални цевки и имаат ограничено време на трајност. Затоа ќе инвестираме во реконструкција и замена на дотрајаните и нефункционални водоводни цевки на територија на Град Скопје. Тоа ќе биде приоритет за мене”, порача Арсовска.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Алијанса за Албанците денес е во Куманово

ДУИ во Сарај

СДСМ со караванот Најдоброто за мојата општина денеска е во Охрид, Маврово -Ростуше, Дебар, Вевчани и Струга, Шуто Оризаре, Сарај и Ѓорче Петров, Прилеп, Петровец и Зелениково, Неготино, Дојран, Валандово, Свети Николе и Велес, Вевчани, Струга, Липково и Куманово.

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи четири митинзи во Росоман, Градско, Чашка и Велес.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ