• Latest

Виолета Димовска: Подигнување на општата свест за адаптација и навремено и адекватно реагирање на климатските промени

August 17, 2020
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Виолета Димовска: Подигнување на општата свест за адаптација и навремено и адекватно реагирање на климатските промени

August 17, 2020 10:47
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси веќе пристигнаа голем број пораки со артикулирани барања до идната влада, коишто се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Граѓанската активистка Виолета Димовска, пишува:

Би сакала да се фокусирам на образованието и безбедноста.

Како приоритет го истакнувам од големо значење, бидејќи секојдневно се сочуваме со нови закани и предизвици по безбедноста на луѓето и човештвото. Сакам да потикнам максимален придонес во подигнување на општата свест за адаптација (приспособување) и навремено реагирање со адекватни промени на климатските промени. Сето тоа би требало да започне со образованието уште од најмала возараст со цел да се креираат генерации кои во иднина би биле спремни да се соочат со сите предизвици кои ги носи едно турбулентно и ризично време за човештвото.

Во  Македонија многу малку се посветува внимание на воспитно-образовните модели за едукација и самозаштита во предучилишното и основното образование, дури може да се каже дека и е доста занемарено. Во предучилишното образование воопшто не постојат програми за едукација на самозаштита, додека во основното образование се обрнува сосем мал дел и тоа во предмети кои што се изборни а не задолжителни за сите ученици. Импликацијатa е дека ако се случи катастрофа, раното предупредување може да спречи штети од пошироки размери. Всушност на тој начин и определен настан не мора да прерасне во катастрофа. Најважниот проблем е да се обезбедат максимални образовни придобивки, подобрување на квалитетот и соодветноста на образовните установи на тој начин придонесувајќи за квалитетот на образованието.

Живееме во едно глобално општество кое се карактеризира со голема динамика во комуникацијата и движење на луѓето низ целиот свет, како и брз техничко-технолошки развој, кој влијае на квалитетот на животниот стандард на населението. Но, во исто време и современата цивилизација се соочува со големи предизвици кои се почесто го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, животната средина, материјалните, културните и другите богатства на државата. Ваквите појави се се попристутни и денес. Затоа треба да се посветува се поголемо вниманите на планирање и превземање на конкретни мерки и активности насочени кон превенција и намалување на ризиците. Неопходен е систематски пристап за рано предупредување и справување е со ризици. Подготвеноста за самозаштита е нужност која ја наметнува потребата за стекнување со знаења за справуање со ситуации кои ја загрозуваат безбедноста. Систем за рано предупредување претставува капацитети што се потребни за навремено да се генерираат и да се распостранат значајни информации на предупредување, со што ќе им се овозможи на поединците, заедниците и на организациите што се под закана од опасност да се подготват и соодветно да дејствуваат и во доволно време да ја намалат можноста да се случи штета или загуба.

Човештвото отсекогаш живеело и ќе живее во присуство на најразлични извори на небезбедност, опасностите што не опкружуваат постојано се менуваат и за жал предизвикуваат се поголеми последици и штети.

Наша заедничка обврска е да ги запознаеме и подготвено да се соочиме со нив.

Како вработена во институција која главна дејност е да дава општесвени услуги односно дневна социјална заштита на деца, секојдневно сум во судир и ги согледувам потребите на заедницата и децата како најважен сегмнт за човештвото кое мора да се заштити. Како магистранат на насоката кризен менаџмент на факултетот за безбедност во Скопје имам изготвено научни трудови, истражуувања за оваа проблематика. И како тема за мојата магистерска теза ја имам обработено Улогата на воспитно – образовниот процес во системот за управување со кризи како и соработка со релевантни институции од облата како Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување, Ценар за управување со кризи и општински организации поврзани со заштита на животната средина и климатските промени. Има учествувано во општински и регионални организации за заштита и спасување од природни непогоди и ризици како и подобрување во подготвеност  адекватен општествен одговор на истите. Како исклучително важно го наведувам дека е неопходно и алармантно пробудување општествената свест на повиско ниво за да може да се вијае позитивно и да се остварат резултати во справување со негативните влијанија со климатските промени.

Моите очекувања се владата да посвети значајно поголемо внимание на безбедноста и образованието со тоа што, во редовната настава во училиштата ќе се вметнат програми за едукација на самозаштита за којшто знaчењето за успешно спроведување би било од клучна улога за безбедноста во земјата. Со којшто преку еден теориски и практичен начин би се креирале генераци кои би биле свесни, информирани, образовани со навики за превенција со што би се намалила штетата. Во текот на образованието можеме да развиеме луѓе со чувство на одговорност, вистинитост, хуманост и правда, кои на крајот ќе резултираат од луѓето кои имаат способност да се заштитат себеси и другите во такви случаи. Затоа мислам дека се понеопходен е еден таков образовен модел и пристап во образованието. Резултатите би биле  максимално позитивни, битни и значајни за општеството. Очекувам дека стручните институции ќе го увидат недостатокот и неопходноста од воведување на ефикасен модел на самозаштита во воспитно-образовниот процес, и со самото тоа ќе се вклучат сите засегнати страни за негово успешно имплементирање.

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ