„Виолина и филм“ е насловен онлајн концертот што вечерва, 15 април, во 20 часот, ќе го одржи виолинистката Пламенка Трајковска. Ова е уште еден нејзин обид својата креативност да ја доближи до најшироката публика во услови на социјална дистанца.
„За нас музичарите оваа ситуација е тешка, но не заради тоа што немаме време да им се посветиме на своите инструменти. Напротив. Го имаме целото време да вежбаме и да креираме музички проекти. Меѓутоа она што навистина ни недостасува е комуникацијата со публиката. Со сцената од која се одвива таа неопходна за уметноста комуникација со неа“, вели Трајковска.