Синоќа градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу заедно со граѓаните го исфрлија отпадот пред Град Скопје кој претходно го собраа во старата Чаршија.
Ганиу рече дека отпадот не се собира од страна на Град Скопје, иако жителите на Чаир се даночни обврзници. Меѓу другото, тој потенцираше дека Чаир заслужува да биде чиста општина.
„Ова е екоцид што му се прави на нашиот народ. Ние сме затрупани во отпад. Но, нема така да застанеме. Народот ќе реагира и ќе добие одговор, бидејќи ние сме даночни обврзници“, изјави градоначалникот на Ганиу.
Потоа пристигна мајката на Град Скопје, Данела Арсовска, која се пофали дека е многу силна и дека „Ганиу стоел пред Град Скопје точно три минути и откако најави дека доаѓа, како што вели „џом да го нема, избегал преку паркот“.
Д.М.