• Latest

Вистината е бесплатна – скапо ја плаќаме лагата

March 5, 2024
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Вистината е бесплатна – скапо ја плаќаме лагата

March 5, 2024 15:08
in ГРАЃАНСКА, ДИСКУРС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Битола, Новаци, Штип, Свети Николе, Кочани, Виница и во 15 локации во Скопје (Аеродром, Центар, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Стара скопска чаршија, Шуто Оризари, Влае, Капиштец…), се општините каде што ЦИВИЛ-ите во изминатиот месец (февруари) спроведоа граѓанска едукација за борба против дезинформациите.

Тимовите на ЦИВИЛ без разлика на временските услови се сретна со илјадници граѓанки и граѓани при што им делеа едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ која содржи основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани која може да им биде одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.

Во најголем дел граѓаните ја поздравија граѓанската акција на ЦИВИЛ, бидејќи се чувствуваат задушено од огромниот број дезинформации и пропаганда од политичарите, медиумите и на социјалните мрежи.

Па да почнеме од Тетово, на 15 февруари, тимот на ЦИВИЛ пристигна околу 10 часот и постави инфо-штанд во близина на Домот на културата. Граѓаните со внимателност и доза на љубопитност се доближуваа до штандот да дознаат за што се работи, но „резервираноста“ им се расчисти кога видоа дека брошурите немаат никаква политичка програма, туку дека се работи за едукативна брошура како да се заштитат токму од пропагандата или дезинформациите.

Во Тетово бевме ден покасно од (денот на вљубените и денот на љубителите на виното) и иако граѓаните беа некако зашаматени (дали дека беше рано, дали од љубов или од виното) сепак со задоволство ги земаа едукативните брошури и посакаа да бидат што помалку жртви на дезинформациите.

По Тетово, следна дестинација ни беше Гостивар каде што неколку минути пред да пристигнеме на плоштадот, градоначалникот Арбен Таравари ја соопшти својата кандитура за претседател на државата.  Додека екипата на ЦИВИЛ делеше едукативна брошура и разговараше со граѓаните за опасностите, несаканите ефекти и националистичките наративи од пропагандата, една граѓанка во „патриотски занос“ вели – „мене дајте ми брошура на македонски јазик, ова е Македонија“, секако дека и дадовме брошура на македонски, која впрочем е и на албански и ромски јазик.

Во Штип еден граѓанин вели: „Mи се допаѓа насловот „Ослободи го умот“ ама дали ќе ни дозволат политичарите или некои други центри на моќ“. 

Токму затоа сме тука, му велиме, ајде да не им дозволиме да ни дозволуваат, туку да си го ослободиме умот и сами да размислуваме и да одлучуваме што е вистина, а што е лага. Да не дозволиме да бидеме манипулирани.

Најчестото прашање речиси во сите општини беше – „дали се плаќа“?

Не другар(к)и не се плаќа, брошурата и вистината се бесплатни, скапо ги плаќаме лагите, дезинформациите и пред сè политичките пропаганди проследени со националистички наративи.

Во разговор со граѓаните велат дека скапо нè чини и (про)руската пропаганда, од која корист и бенефит имаат само неколку поедници.

„Многу малку знаеме за придобивките и бенефитите од влезот во ЕУ. Всушност, ние не знаеме што е ЕУ. Тоа е благодарение на дезинформациите и проруската пропаганда. Но, добро е што постојат организации како што е ЦИВИЛ за да може да ги откриеме и да се одбраниме од лагите што ни ги сервираат пропагандните кујни“, велат граѓаните.

Граѓан(к)ите велат дека најчесто се (дез)информираат од социјалните медиуми.

„Од Фејсбук рецепт за колачи да земеш ќе биде погрешен, ќе ги утнеш колачите, нема да ти излезат како што се „сервирани“ на Фејсбук“, вели една граѓанка.

Исто така граѓан(к)ите велат дека младите се најизложени на дезинформации и манипулации на социјалните мрежи, бидејќи немаат време да следат сериозни и релевантни медиуми, туку информациите (не)свесно ги добиваат од одредени партиски ботови, инфлуенсер(к)и или портали кои немаат ниту импресум.

Тие велат дека покрај социјалните медиуми, образованието, многу важна улога има и домашното воспитување.

„Гледаме млади деца од по 13/14 години како „ќе ја спасуваат Македонија од предавниците“, како урлаат „Никогаш Северна“, „комуњарите се криви и предавници“… Ваквите наративи сигурно децата ги слушаат дома од нивните родители. Затоа треба родителите да вимаваат што зборуваат пред децата, да пазат какви политички содржини или дебатни емисии гледаат во присуство на нивните деца. Бидејќи секое колнење, пцуење… детето го прифаќа како да е нормално и тоа го пренесува надвор на улица или во училиште“, вели една граѓанка која долги години работеше како наставничка.

Илјадници граѓан(к)и ја поддржаа и поздравија граѓанска едукација на ЦИВИЛ за борба против дезинформациите, за разлика од неколкумината граѓани кои „слепо“ им веруваат на проруските лидери, меѓутоа се надеваме дека едукативната брошура ќе им ги „отвори очите“ и на тие наши граѓани.

Еден граѓанин во Свети Николе застана пред инфо-штандот и во обид да биде саркастичен вели: „Американците ли ќе нè учат што е вистина. Тие ли ќе ни го ослободуваат умот?“.

Путин или љубителите на Путин сигурно не, ама џабе е да се објаснуваме со русофилот… Такви ликови постоеле и ќе постојат и понатаму. На граѓаните им останува сите информации да ги проверуваат и да не веруваат на сè што им се сервира.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ