• Latest

Вистиномер: Осум илјади млади жени во Шуто Оризари оставени без матичен гинеколог

March 26, 2022

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Вистиномер: Осум илјади млади жени во Шуто Оризари оставени без матичен гинеколог

March 26, 2022 10:37
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Шуто Оризари има 8.000 жени кои се во репродуктивен период, а немаат пристап до примарна здравствена заштита – гинеколог. Овој проблем се провлекува повеќе од 10 години, постојано наидуваме на игнорантски однос од страна на институциите. Исто така, нема интерес и од страна на даватели на услуги, кои за жал имаат стереотипи и предрасуди кон ромската заедница, велат за „Вистиномер“ од здружението „Иницијатива на жени од Шуто Оризари“.

Пред речиси една година ( 23 април 2021) Министерството за здравство со јавноста ја сподели „револуционерната“ вест: „После многу години, дваесет илјади жени од општина Шуто Оризари добиваат матичен гинеколог“.

Министерството тогаш набави и опреми специјалистичка ординација и уверуваше дека се решава овој голем проблем со кој се соочуваа жените од оваа општина, а на отворањето на гинеколошката ординација присутен беше и тогашниот министер Венко Филипче.

Но, радоста за тоа што на 20 илјади жени кои живеат во оваа општина им се овозможи пристап до гинеколошка здравствена заштита, рана дијагноза на одредени болести, редовни прегледи и сè што значи квалитетна здравствена услуга во делот на таа специјалност, не траеше долго. Само една година подоцна, во март 2022 година, жените во Шуто Оризари повторно немаат гинеколог.

Специјалистичката опрема во вредност од 30 илјади евра и опремената гинеколошка ординација според најсовремените стандарди со посебен стол, одредени апарати во делот на клопоскопија и најсовремениот ехо апарат, една година подоцна чекаат на доктор специјалист, бидејќи во моментот никој не работи во оваа ординација.

Гинекологот кој се согласи да регистрира приватна здравствена установа и својата ординација да ја оформи во Шуто Оризари, заедно со медицинска сестра која, исто така, беше од населбата, работеше само краток временскиот период. Докторот набрзо се „иссели“ поради приватни причини и пензионирање, а жените во Шуто Оризари повторно останаа без гинеколог повторно.

Од здружението „Иницијатива на жени од Шуто Оризари“ за „Вистиномер“ велат дека проблемот со немање матичен гинеколог во Шуто Оризари е долгогодишен, а еден од начините тој да се реши е доколку заврши легалната процедура за еден од специјализантите од 2017 година, кои беа поддржани од Министерството за здравство со обврска по специјализацијата пет години да придонесуваат во државата. Според Здружението, докторот се согласил  во неговата ординација да вработи и две медицински сестри Ромки, меѓутоа чека Министерството за здравство да го исполни својот дел од договорот, односно да уплати пари на еден од медицинските факултети, за да може да ја комплетира специјализацијата.

Здружението „Иницијатива за правата на жените“ испратило и барање за работна средба во МЗ за завршување на сите процедури на вработување на гинеколог во општина Шуто Оризари штое можно побрзо, но работите не напредуваат со голема брзина. Така на Денот на жената, 8 Март годинава, претставничките на ова здружение со транспаренти се појавија пред зградата на Министерството да потсетат дека има проблем со непостоењето на примарната здравствена заштита за жените Ромки во Шуто Оризари.

Жените од општина Шуто Оризари биле и сè уште се дискриминирани по повеќе основи, а последниот пример со немањето на трајно и системско решение за гинеколог, го потврдува сето ова. Шуто Оризари е општина каде што има претежно ромско население и практично има 8.000 жени кои се во репродуктивен период, а немаат пристап до примарна здравствена заштита-гинеколог. Овој проблем се провлекува повеќе од 10 години, при што наидуваме на игнорантски однос од страна на институциите, а воедно и немање на интерес од страна на даватели на услуги, кои за жал имаат стереотипи и предрасуди кон ромската заедница, вели за „Вистиномер“ претседателката на Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, Салија Бекир Халим.

Во меѓувреме овие жени или бараат заштита на своето гинеколошко здравје во други општини, или воопшто не одат на гинеколог. Докторот кој претендира да работи во оваа матична ординација во иднина, Ламбе Крстевски, сè уште чека Министерството за здравство да уплати средства за неговата специјализација, како што се обврзало со договор.

Самиот негов интерес да работи во Шуто Оризари претставува чекор напред, бидејќи со години нема многу заинтересирани специјалисти гинеколози да се јават на огласите за матичен гинеколог за работа во оваа општина. Според статистиките на Иницијативата  на жените од Шуто Оризари, во 2015 година на дури 83.7 проценти од бремените жени кај матичните гинеколози им била незаконски наплатена услугата ехо.

На 67 проценти од Ромките им било наплатено повеќе од сумата за партиципација за услугата ПАП тест кај матичните гинеколози. Како дел од услугите што се надеваат дека наскоро ќе ги добијат во оваа општина, се и бесплатните микробиолошки тестови двапати во бременоста, кои за жените од Шуто Оризари повеќе претставуваат луксуз отколку здравствено право. Жените од Шуто Оризари во минатото се жалеле и до Народниот правобрнител бидејќи им биле незаконски наплаќани гинеколошки услуги кои требало да ги добијат бесплатно.

Според Програмата за мајки и деца и измените на Законот од 2015 година, сите здравствени услуги за бремените жени на ниво на цела држава се бесплатни и тоа треба да го почитуваат и знаат сите матични гинеколози. Во текот на бременоста протоколот предвидува три ЕХО прегледи и едно дополнително за утврдување на бременост да бидат бесплатни.

Во најновата Карта со оцена од заедницата, истражување коешто Иницијативата на жени од Шуто Оризари го спроведува десетта година по ред, се покажа дека во текот на минатата година 20 проценти од анкетираните породени жени биле посетени само еднаш од патронажна сестра. Осумдесет проценти од испитаните Ромки воопшто не биле посетени од патронажните сестри, иако по породувањето треба да бидат два до трипати посетени од страна на патронажна сестра.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ