• Latest
Фото: Скриншот од видеото

Вистиномер: Со руско видео се дезинформира дека ученик починал по примена Спутник вакцина

January 17, 2022

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Со руско видео се дезинформира дека ученик починал по примена Спутник вакцина

January 17, 2022 12:48
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Фото: Скриншот од видеото

Фото: Скриншот од видеото

Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали момчето било вакцинирано или не. Едната причина на која работат форензичарите е срцев удар, а втората откачен тромб, пишува „Вистиномер“.

Во рецензија на  пост на Фејсбук во којшто е споделено видео од сигурносна камера. Видеото потекнува од Русија, а авторката на постот тврди дека на него, наводно, се гледа ученик кој умира после примена Спутник вакцина. Видеото трае 1 минута и 4 секунди. На него се гледа дека во училница деца имаат тест, наставничката ги набљудува. Во еден момент ученикот губи свест, се струполува од столчето, наставничката излегува од кадарот и со трчање бара помош од други колеги.

Што навистина се случило?

На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали момчето било вакцинирано или не. Едната причина на која работат форензичарите е срцев удар, а втората откачен тромб.

Момчето починало уште пред да дојдат лекарите, a одело во 11 одделение. ТВ каналот РЕН објави дека причината за настапувањето на смртта е тромб. Истражниот комитет на Руската Федерација е оној кој работи на тоа да ги открие деталите за тоа што се случило. Младиот човек пред да почине пишувал есеј. Да споменеме дека на 1 декември во сите руски училишта, учениците од 11 одделение пишувале завршен есеј за државен испит.

Во руските медиуми се појавија и куп шпекулации дека причини за смртта може да биде стрес или недоволна исхрана. Матичниот лекар Никита Карлов за ТВ РЕН изјави:

Стрес, недоволна исхрана, што е реално за ученик во Русија. Се случило во училиште, значи детето било под стрес, имало тест. Можеби родителите биле премногу стоги. Целата крв оди во мускулите и во нервниот систем кога телото се бори со стресот. Телото чувствува закана по живот, се мобилизира, рекол Карлов. 

Исто така, се наведува дека ученикот имал чир и почеток на гастритис. Коментирајќи ја смртта, гастроентерохепатологот Анатолиј Матјухин вели дека смртта од чирови со крвавење може да се случи од три до пет минути.

Според рускиот медиум „Курир“, причината за настапувањето на смртта е отворен чир кој ученикот го имал и за кого знаел подолго време.

Поради горенаведените факти, оценуваме дека не е вистина дека ученикот починал како последица на примање на вакцината против коронавирусот, Спутник, туку како последица на други здравствени проблеми, пишува „Вистиномер“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ