Вицепремиерот Бујар Османи, пред два дена на неговиот ФБ профил, објави видео во кое тој, во придружба на Директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за јазици, Илбер Села, ги проверува таблите на државните институции и патем на дел од директорите им се јавува на телефон.
Inspektim në teren i implementimit të ligjit të gjuhëve bashkë me drejtorin e agjencisë së gjuhëve!
Gepostet von Bujar Osmani am Samstag, 14. September 2019
Сето тоа е снимено со камера, на места илустрирано со музика, а Османи во улога на инспектор ја проверува двојазичноста на терен. Во стилот на Груевски, јавно го прашува директорот на Агенција за администрација, Спасе Глигоров, зошто не е објавена двојазичната табла.
преземено од Слободен Печат