• Latest
Вјоса Османи, претседателка на Косово

Вјоса Османи е нова претседателка на Косово

April 4, 2021

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вјоса Османи е нова претседателка на Косово

April 4, 2021 19:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Вјоса Османи, претседателка на Косово

Вјоса Османи, претседателка на Косово

Share on FacebookShare on Twitter

Вјоса Османи е нова претседателка на Република Косово, откако вечерва за нејзиниот избор гласаа мнозинството пратеници во републичкото Собрание, јави дописникот на МИА од Приштина.

Досегашната пратеничка, а поранешна собраниска спикерка на Собранието и вршителка на должноста претседателка на државата, 39-годишната правничка Османи, го доби петгодишниот мандат на чело на државата во третиот круг на гласање, откако за неа гласаа 72 пратеници. Неважечки беа 11 гласачки ливчиња, додека противкандидатот на Османи, Насуф Бејта не освои ниту еден глас.

По првите два круга гласање ниеден од двајцата кандидати за претседател на Косово не ги доби потребните две третини од гласови на републичките пратеници за да биде избран, така што се одржа и третиот круг гласање, во кој, за да биде избран, на еден кандидат му беше потребно просто мнозинство од 61 глас.

Обајцата кандидати за нов шеф на државата се предложени од редовите на владејачкото Движење самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, со тоа што Бејта, како што и самиот имплицира во изјави за медиумите, учествуваше формално, колку да се запази формалната процедура.

Во првиот круг гласаа 81 пратеник, Османи доби 69 гласа, Бејта ниту еден, а 12 гласачки ливчиња беа неважечки. Во вториот круг, во кој гласаа 82 пратеници, Османи освои 67, Бејта 4 гласа, а 11 ливчиња беа неважечки.

Според Уставот на Косово, за да биде избран за претседател на државата, за еден кандидат треба да гласаат две третини, односно 80 од пратениците во 120-членото Собрание. Доколку во првите два круга ниеден од кандидатите не ги добие потребните гласови, во третиот круг се избира кандидатот што ќе освои 61 глас, но под услов да гласале најмалку 80 пратеници. Доколку и во третиот обид не се избере претседател на државата, Собранието се самораспушта и се закажуваат нови парламентарни избори, кои треба да се одржат во рок од 80 дена.

Денешната седница беше продолжение на вчерашната, кога во првиот круг, во два обиди не беа обезбедени 80 гласа, односно гласаа 78 првиот пат и 79 вториот пат.

Од синоќа до пред почетокот на денешното гласање, на парламентарното мнозинство, кое го сочинуваат 58 пратеници на ВВ и осум од партиите на немнозинските заедници, како и на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, чии 12 (од вкупно 15) пратеници гласаа со цел да се обезбеди потребниот форум, му се приклучија уште четворица пратеници – уште двајца од немнозинските заедници и по еден од опозициските Демократска партија на Косово и Алијанса за иднината на Косово.

Откако положи заклетва и по изведувањето на косовската химна, Османи од собраниската говорница ѝ се обрати на јавноста при што, меѓу другото, ги повика сите политички фактори да ѝ се приклучат во напорите за натамошно градење на демократска држава.

Османи порача дека ќе ја продолжи и досегашната практика на градење добрососедски односи, но најави дека од новата позиција нема да престане да бара правда за жртвите од војната со Србија во 1998-99 година и казна за сторителите на геноцидот и злосторствата против цивилното население во Косово.

Таа вети дека ќе биде претседател на сите граѓани и обединувачки фактор на сите во државата и изрази надеж дека ќе има успешна и конструктивна соработка со извршната и законодавната власт, како и со сите фактори, со цел натамошно јакнење на косовската државност.

Вјоса Османи е петта претседателка на Косово од осамостојувањето на државата. Пред неа на чело на државата беа Ибрахим Ругова, Фатмир Сејдиу, Атифете Јахјага и Хашим Тачи.

Илир Ајдини

за МИА, од Косово

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ