• Latest

Вкупната заштеда на струја на државните институции во октомври изнесува 24 проценти

November 22, 2022
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Вкупната заштеда на струја на државните институции во октомври изнесува 24 проценти

November 22, 2022 11:06
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Трендот на намалување на потрошувачката на струја од страна на државните институции продолжува и во октомври. Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија произлегува дека административните згради на Претседателот на државата, Собранието, Владата, министерствата, АД ЕСМ, АД МЕПСО  имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29 отсто, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20 отсто остварена во септември, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

-Сите институции во октомври имаат најмалку за 15 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. При тоа најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18 отсто, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58 отсто. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 отсто, кај Собранието заштедата во октомври е 22, кај Кабинетот на претседателот на државата 24, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25, а кај МЕПСО 22 отсто, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Ако се земат во предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, нагласи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24 отсто.

-Согласно податоците потрошувачката на електрична енергија само на министерствата сумирана заедно со сите единици кои се во склоп на надлежностите под одредено министерство е намалена за 33 отсто. Министерството за образование има постигнато најмала заштеда на електрична енергија од 24 отсто, а најголема заштеда има постигнато Министерството за животна средина од 94 отсто. Заштедата на електрична енергија кај Министерство за информатичко општество изнесува 50 отсто, кај Министерство за локална самоуправа 58, во Министерство за транспорт и врски и Министерство за финансии заштедата изнесува 44 отсто, кај Министерството за труд и социјална политика 40, Министерството за економија заштедило 30 отсто електрична енергија, исто толкава е заштедата на Министерството за внатрешни работи, прецизира Бектеши.

Во анализата на потрошувачката на електрична енергија  за октомври 2021 година споредено со истиот месец во 2022 година, како што кажа, се опфатени вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17 отсто.

-Согласно податоците содржани во табеларниот приказ произлегува дека 15 субјекти оствариле заштеди од минимум 15 отсто во октомври 2022 година споредено со истиот месец во 2021 година, рече Бектеши.

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, пак додаде, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто.

-Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто, посочи Бектеши.

Овие податоци за заштеда на електрична енергија, порача, покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди. Упати апел до сите компании и до граѓаните рационално да се користи електричната енергија.

-Со рационално трошење на струјата ќе се овозможи намалување на сметките за струја и за граѓаните и за компаниите кои ќе станат поконкурентни. Ние како Влада ќе продолжиме да работиме и да носиме мерки се со цел оваа енергетска криза која ја зафати цела Европа да има најмали негативни ефекти за граѓаните, а со заеднички напори и штедење да има и најмали негативни ефекти за целата држава, потенцира Бектеши.

Tags: БектешиЕСМструја
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ