Владата вчера демантираше дека се прифатени сите барања на другата страна во македонско-бугарските односи, и дека е целосна манипулација информацијата дека „следува потпишување анекс на договорот“.
„Владата на Република Северна Македонија категорично демантира дека се прифатени сите барања на другата страна во македонско-бугарските односи, а целосна манипулација е информацијата дека “следува потпишување анекс на договорот”. Владата го демантираше ваквиот текст на порталите Инфомакс, Курир, Република, Експрес, Весник, Нетпрес и Лидер, при што го отфрла како полн со невистини и дезинформации“, велат од Влада.
За манипулативната намера на овие текстови говори и фактот што некои од позициите изнесени во него се дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година, соопштуваат од Влада.
Вчера медиумите Инфомакс, Курир, Република, Експрес, Весник, Нетпрес и Лидер објавија информации дека премиерот Заев наводно ги прифатил сите барања на Бугарија, однсно дека официјално ќе се признае заедничка историја, што би значело откажување од Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев и дека со анекс на договорот за доборососедство со Бугарија, со што Македонија ќе ја промени официјалната историја и Бугарите ќе бидат прогласени за административци на територија на Македонија за време на Втората Светска војна.