• Latest

Влада: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматум од Мицкоски

July 19, 2019

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Влада: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматум од Мицкоски

Владата на РСМ одбива партиски ултиматуми кои имаат за цел да го блокираат напредокот на земјата, следуваат чекори што ќе ја обезбедат правната држава и напредокот на патот кон ЕУ

July 19, 2019 11:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија информира дека не се создадени услови за постигнување консензус за организирање на лидерската средба закажана за денеска и дека таа нема да се одржи. Владата одбива да прифаќа ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја, соопштуваат од владата.

„Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на 15 јули на отворен настан, а потоа и со покани, ги повика претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата за Албанците, на лидерска средба со единствена цел да се обедини придонесот во заокружувањето на реформските процеси во правосудството, изборниот законик, како и за спроведување на пописот, како теми од посебно значење за граѓаните и за нашата земја во пресрет на европските интеграции и одлуката за почеток на преговорите  за членство во унијата.

За жал, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наместо да прифати принципиелен разговор и договор за нов Изборен законик, избра да застане на спротивна страна на интересите на граѓаните, на спротивна страна на интересот на државата и побегна од разговорите.

Овие клучни теми за продолжување на реформите и економскиот развој на земјата Мицкоски ги деградира со алиби барања кои произлегуваат единствено и само во интерес на теснопартиското профитирање. Тој одби да види дека лидерската средба е можност до следните избори да се обезбеди легислатива прифатливa за сите, со вградени препораки од ОДИХР и со можност да се отвори дебата и за нов изборен модел.

Тоа укажува дека целта не била да се разговара за предвремени избори туку да се побегне и од оваа тема.

Наместо да прифати дека е време за договор во корист на правната држава и владеењето на правото и како клучно да се обезбеди јавно обвинителскиот систем на државата со вградено СЈО за правда без селективност, која овие денови добива силен подем, Мицкоски и натаму останува на позициите
да го брани криминалот на неговите претходници и политички ментори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за жал, не може да ја препознае ниту суштинската важност за консензус дека пописот не треба да се политизира и дека сите политички партии треба да се обврзат дека ќе ги овозможат сите услови да се реализира успешен попис, како строго професионална статистичка операција спроведена од Државниот завод за статистика.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, со иницијативата за лидерската средба покажа подготвеност да се прифатат сугестиите и предлозите за овие прашања, за да бидат вградени во програмските активности на Владата во претстојниот период, но нема да
прифати ултиматуми кои единствено имаат за цел да го блокираат напредокот на Република Северна Македонија.

Стратешките интереси на државата, реформите и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, не смеат да бидат предмет на уцена на опозицијата. Националните интереси и правдата за граѓаните се
неприкосновени и со нив нема и не смее да има компромиси.

Ве информираме дека за причините за одлагање на лидерската средба, како и за чекорите што се налагаат и ќе бидат преземени на патот на напредувањето на Република Северна Македонија, денеска во 14:00 часот, во Медија центарот на Владата, ќе се одржи прес-конференција на која пред новинарите и пред
јавноста ќе се обрати премиерот Зоран Заев“, соопштуваат од владата.

Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ