Вечерва на скопскиот аеродром се очекува да пристигне првата група граѓани од Авганистан, кои одлучија да си заминат од земјата по преземањето на власта од страна на талибанците.
Од Владата информираат дека Црвениот крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои ни пристигаат од Авганистан.
Праќаме порака на топло добредојде, солидарност и поддршка која спасува живот, додаваат од Владата.
Сите граѓани ќе добијат основен пакет поддршка, вода, маска, средство за дезинфекција. Безбедносните проверки ќе бидат спроведени од МВР, а министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тестови и ќе им понуди можност за вакцинација против КОВИД -19 на граѓаните од Авганистан, кои вечерва треба да пристигнат на скопскиот аеродром.












