• Latest

Влада: Земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи

March 27, 2020
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за скандалозната изјава на Ангелов за насилна дислокација на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Фото: Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

September 16, 2025
Фото: МИА

Европските кругови сметаат дека обвинувањата на руската служба за „Српски Мајдан“ се намерно ширење пропаганда

September 16, 2025
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Влада: Земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи

March 27, 2020 17:20
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 30. седница на која како прва точка го разгледа и усвои записникот од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, одржан на 27 март 2020 година.

Како една од точките на овој состанок, на оваа седница на Владата ја разгледа и усвои Информација за регионалните и ЕУ активности  со цел олеснување на транспортот и трговијата на стоки по појавата на пандемијата со Ковид-19 и за прифаќање на Заедничкиот предлог на Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи во Западен Балкан и помеѓу Западен Балкан и земји членки на Европската Унија.
Согласно оваа информација Владата ги задолжи канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија во соработка со Министерство за финансии – Царинската управа, Министерството за економија, Министерството за внатрешни работи, Министерството за земјоделство и водостопанство и Министерството за транспорт и врски да ги координира активностите поврзани со имплементација на мерките содржани во Заедничкиот предлог на  Секретаријатот на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА.

Заедничкиот предлог на Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи во Западен Балкан и помеѓу Западен Балкан и земји членки на Европската Унија, има за цел да ја олесни трговијата и транспортот на стоки со преземање единствено на дополнителни мерки на претпазливост, кои што се, или кои треба да бидат преземени, за да се обезбеди дека нема да дојде до избувнување Ковид-19. Царината и другите контроли на стоки во легитимната трговија остануваат под трговските правила на ЦЕФТА и правилата што произлегуваат од договорите за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и регионалните партнери.

Како што се посочува во соопштението од прес-службата, на оваа седница Владата донесе Уредба со законска сила за изменување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Северна Македонија, која ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, и која утврдува дека отплатата на главницата на обврзницата за надоместување на селективните кредити на Народна банка на Република Северна Македонија ќе се изврши на 1 април 2021 година.

Продолжувањето на рокот за отплата на обврзницата утврден со оваа Уредба е со цел средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година наменети за отплата на обврзницата да се искористат за справување со последиците што корона вирусот ги има врз економијата во земјата.

Владата на Северна Македонија денеска ја донесе и Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа за време на вонредна состојба, со која се овозможува активностите за донесување и доставување на Годишните сметки на единиците на локалната самоуправа и периодичните финансиски извештаи да бидат одложени за време на траењето на вонредната состојба.

На оваа седница, како што се посочува, Владата ја донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, со која даночните обврзници имаат можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма. Ова е со цел да се олесни работењето на даночните обврзници, како и да се спречи користењето на хартија со цел намалување на ризикот од ширење на коронавирусот Ковид-19.

Денеска е донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за заштита и спасување за време на вонредна состојба за координирање на работата на штабовите на единиците на локалната самоуправа (општините и градот Скопје).

Уредбата утврдува дека за време на траење на вонредната состојба координирањето на штабовите на единиците на локалната самоуправа (општините и градот Скопје) се врши од страна на координативно тело кое го сочинува главен координатор, заменик на главниот координатор и членови на штабот.

Главен координатор на координативното тело е заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од известување до Генералниот секретар на Советот на Европа за отстапување на Република Северна Македонија од одредени членови на Европската конвенција за човекови права, согласно чл.15 од конвенцијата, а како последица на пандемијата Ковид-19.

Воведувањето на вонредна состојба во Република Северна Македонија и мерките донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на пандемијата на територијата и за справување со здравствените ризици влијаат на уживањето на правата гарантирани со Конвенцијата и нејзините протоколи. Конвенцијата, сепак, овозможува повеќе права и слободи да бидат ограничени врз основа на законски мерки што во едно демократско општество се неопходни за националната безбедност, јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на злосторства, заштитата на здравјето или моралот или заштитата на правата и слободите.

Оттука, заштитата на здравјето претставува легитимна основа за ограничување на наведените права со цел да се овозможи да се преземат мерки за справување со сериозните ризици по здравјето на населението или на поодделни делови на населението, под услов да бидат: засновани врз закон, неопходни во демократско општество и посебно насочени кон превенција на болест или грижа за болни лица.

На оваа седница Владата ја донесе и Уредбата со законска сила за примена на Законот за локалната самоуправа за време на вонредна состојба, со која донесувањето на буџетот и годишната сметка на буџетот на единиците на локалната самоуправа се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.

Владата, се посочува во соопштението, денеска ја донесе и Уредбата со законска сила за примената на Законот за јавните претпријатија за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека вишокот на средствата кои се остварени од работењето на јавните претпријатија основани од Владата, се уплаќаат во буџетот на Република Северна Македонија.

Владата на Република Северна Македонија, согласно оваа уредба, ќе носи одлука за распоредување на средствата на правните лица со потешкотии во работењето кои покажуваат финансиска загуба предизвикана од вонредната состојба, врз основа на претходно утврдена листа.

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со можностите на Министерството за локална самоуправа за учество на конкретни активности согласно планот на Министерството за здравство за справување со состојбата од настанатата епидемија.

Согласно оваа информација, Министерството за локална самоуправа, во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка, преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, ќе обезбедат набавка на средства за кои Министерството за здравство ќе ги утврди како итни и најнеопходни.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ