На денешната 55 седница на Владата, ќе го разгледува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.
На предлог на Министерството за правда, пред владините министри денеска ќе се најде и Предлог законот за бесплатна правна помош.
Исто така, се очекува, Министерството за внатрешни работи на денешната седница да ја презентира информацијата за спроведување на мерките за ограничување и забрана на сообраќајот во услови на надминување на прагот на алармирање и зајакнување на контролата на издувните гасови од возилата при нивна регистрација во техничките станици.