На 51-та владината седница што се оддржа во петокот, министрите одлучувале за државјанството на Викторија Лоба. Како приоритет на прва точка од дневниот ред, било барањето на пејачката да и се одобри државјанство на Република Македонија.
Инаку, во исто време додека Владата одлучува за државјанството на Лоба, Македонската Радио Телевизија упати јавен повик за избор на композиција којашто ќе ја претставува Република Македонија на претстојниот избор за песна на Евровизија 2018 во Лисабон, Португалија. Дали повикот е само формален, а веќе се знае кој ќе биде претставник на Евровизија?!
Секое барање за државјанство на поединец мора прво да помине на владина седница. Пејачката Лоба е родена во Русија, но со години живее и твори во Македонија каде е долго време присутна на поп сцената.
Д.Муратов