• Latest

Владата го усвои ребалансот на буџетот за реализација на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и економијата

October 5, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата го усвои ребалансот на буџетот за реализација на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и економијата

October 5, 2020 13:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата вчера на седница го усвои ребалансот на буџетот за 2020 година. Ова е втор ребаланс што се прави годинава, а произлегува од потребата за имплеметација на  четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните,  економијата и макроекономската стабилност.

-Со овој ребаланс се овозможува спроведувањето на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да помогне одредени погодени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија, за да – кога кризата ќе заврши – продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција на која го презентираше прифатениот ребаланс на буџетот.

Тој додаде дека согласно ревидираните проекции на Министерството за финансии, врз основа на кои е правен и вториот ребаланс на буџетот, враќањето на патеката на економски раст се очекува да биде побавно во однос на претходните проекции.

-Очекувањата се дека економијата ќе забележи пад од 4,4 отсто во 2020 година. Мора да се напомене дека падот ќе беше повисок, имајќи го предвид четвртиот сет на мерки. Ревидирана е и стапката на инфлација која се очекува да изнесува 1 отсто, рече Бесими.

Напомена дека за справувавање со ковид-кризата досега се преземени три пакети владини мерки. Овие пакети беа насочени кон соочување со првиот наплив на кризата и се состоеја од поддршка на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и поддршка на граѓаните погодени од кризата.

Соопшти дека реализацијата на буџетот заклучно со септември, на приходната страна изнесува 136 милијарди денари или 69,1 отсто во однос на планираните приходи за 2020 година со ребалансот од мај, што е за 4,9 отсто помалку во однос на истиот период од лани. Реализацијата на расходната страна изнесува 171,9 милијарди денари, што претставува 70,5 отсто во однос на годишно планираниот износ со првиот ребаланс, или за 10,7 отсто повеќе во однос на лани. Согласно ова во периодот јануари-септември 2020 година остварен е дефицит на Буџетот на Република Северна Македонија во висина од 35,8 милијарди денари или 5,3 отсто од БДП. Според овие податоци, реализацијата на буџетот одеше согласно планот, но со носење на четвртиот пакет на мерки кој е во насока на поттикнување на економската активност и поддршка на фирмите и на граѓаните се јави потреба за финансирање на истите, а со тоа и преструктуирање на позициите во буџетот и обезбедување на дополнителни финансии, потенцира Бесими.

Како што додаде вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,4 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со претходните измени и дополнувања на Буџетот беа планирани на реално ниво односно пониски за 11,5 отсто во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Во структурата на вкупните приходи, даночните приходи учествуваат со 55,6 отсто и се планирани на ниво од 109,2 милијарди денари. Придонесите од социјално осигурување како изворни приходи на фондовите се планирани во износ од 65 милијарди денари или за 2,6  отсто повисоко во однос на планот за 2020 година. Останатите приходи како неданочни, капитални и странски донации) се планирани на ниво од 22,1 милијарди денари.

Вкупните расходи, посочи, се планирани на ниво од 253 милијарди денари или за 4,2 отсто, односно за 10,1 милијарди денари повисоки во однос на ребалансот.

Врз основа на вака планираните приходи и расходи, министерот наведе дека дефицитот е позициониран во износ од 56,6 милијарди денари, односно 8,4 отсто од БДП.

Ребалансот денеска ќе биде доставен до Собранието на усвојување.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ