• Latest

Владата го утврди дополнетиот ребаланс на Буџетот со амандаманите од комисиската расправа во Собранието

October 27, 2020
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата го утврди дополнетиот ребаланс на Буџетот со амандаманите од комисиската расправа во Собранието

October 27, 2020 09:25
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на вчерашната седница ги усвои дополнувањата на ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година со амандманите кои беа прифатени во комисиската расправа во Собранието, и донесе заклучок вака утврдениот ребаланс на Буџетот да биде доставен на усвојување во Парламентот.

Согласно дополнувањата, вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со претходните измени и дополнувања на Буџетот истите беа планирани на реално ниво односно пониски за 11,5% во однос на иницијалните проекции на Буџетот.

Вкупните расходи се планирани на ниво од 252,8 милијарди денари или се 4,1%, односно за околу 10 милијарди денари повисоки во однос на планот. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,5 милијарди денари, односно 8,49% од БДП.

„Имајќи ги предвид настанатите околности извршени се промени во однос на иницијалните проекции на расходната страна на Буџетот на Република Северна Македонија, пред сè за спроведување на активностите предвидени со четвртиот сет на мерки. Во овие рамки обезбедени се дополнителни средства во здравствениот сектор за активности кои директно придонесуваат во борбата против здравствената криза, а се однесуваат за набавка на лекови, имунизација на население и други неопходни средства и поддршка на вработените кои се директно вклучени во борбата против пандемијата“, се вели во соопштението на Влада.

Тековните трансфери се планирани на ниво од 177,3 милијарди денари или за околу 11,2 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2020 година, а се однесуваат пред сѐ на преземените мерки за обезбедување на средства за имплементација на четвртиот пакет економски мерки од донесени од страна на Владата за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД-19, а кои ќе имаат директен импакт врз реалната економија и директно помагање на приватната потрошувачка.

Министерот за финансии Фатмир Бесеми очекува ребалансот на Буџетот да биде донесен  до следната недела и да почнат да се имплементираат мерките од четвртиот сет економски мерки.

„Дебата во собраниската Комисијата беше конструктивна. Беа прифатени девет амандмани кои беа во насока на ковид мерките. Прифатен е и амандман од опозицијата кој се однесува на 1000 деца без родители да добијат ваучери. Ребалансот има зголемување во однос на претходниот и на буџетот. Денес е пратен во Собрание и во текот на оваа недела ќе почне дебатата и наредната недела да почнеме да ги имплементираме мерките“, рече министерот во дебата на ТВ 24.

Според стопанственикот Антони Пешев, четвртиот сет економски мерки првпат се доближува до она што се случува во економијата, додека за професорот Никола Поповски субвенционирањето на последиците од кризата е оправдано, а овој и претходниот ребаланс се прилично дарежливи и кон економијата и кон домаќинствата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ